Рудникот за олово и цинк „Саса“ од Македонска Каменица денеска одбележа 10 години од рестартирањето.Претседателот на Владата Емил Димитриев, кој присуствуваше на свеченоста, истакна дека во моментот рудникот „Саса“ е еден од најголемите пет рудници за олово и цинк во Европа и оти е пример за успешно стопанисување во Македонија и во регионот.
– Инвеститорите на „Саса“ со многу правилен пристап преку инвестирање во опрема, подобрување на условите за работа и на степенот на безбедност, на платите на вработените денеска направија успешна приказна во Република Македонија, рече Димитриев.
Рударството како гранка, додаде тој, е од исклучителна важност за Владата бидејќи влијае на стопанскиот развој на државата и на бруто домашниот производ и со особено внимание ќе се однесуваме кон овој сектор. Премиерот изрази задоволство од продолжување на концесијата за рудникот „Саса“, најавувајќи нови вработувања и проширување на концесијата.
– Со новите вработувања, „Саса“ ќе ангажира над 700-тини лица и уште 150 лица се индиректно ангажирани, што значи обезбедување на уште минимум 15 години сигурно работење и творење на рудникот, рече Димитриев.
Со околу 300 компании, како што кажа Димитриев, Владата склучила договори за детални геолошки истражувања, а веќе се издадени 200 дозволи за експлоатација.
– Има еден огромен потенцијал што во иднина ќе биде ставен во функција на раст и развој на Република Македонија. Со тоа, оваа бројка што ја имаме денеска како број на невработени дополнително ќе паѓа, рече премиерот.
Деновиве, потсети Димитриев, е објавен најновиот податок за стапката на невработеност која што е на историско најниско ниво, односно 24,5 проценти во услови на политички и економски случувања.
Во делот на рударството, Димитриев потенцира дека се очекува почеток на работата на рудникот „Иловица“, старт на еден огромен капацитет во Делчевско за јаглен, како и почеток на рудниците „Злетово“ и „Тораница“.
Според Димитриев, со претстојната продажба на имотите на „Злетово“ и „Тораница“, ќе се отстрани единствената пречка за почеток со работа. Очекува за еден месец целосно да се рестартира „Злетово“, а потоа со работа да почне и „Тораница“. За овие два рудника Владата додели концесија на бугарската компанија „Минстрој“.
Димитриев смета дека на рударството во Република Македонија му претстои светла иднина. – Многу светски аналитичари, економисти и прогнозери кажуваат дека во иднина на човештвото најмногу ќе му бидат потребни минерални суровини и храната, рече Димитриев.
Генералниот директор на рудникот „Саса“ Александар Прохоров најави продолжување на инвестициите во рудникот и воведување на нови технологии.
– Во оваа прилика сакам да го изразам задоволството од досегашното работење на рудникот „Саса“ и на сите вработени им се заблагодарувам за големата поддршка и за вложениот труд. Како и до сега, така и во иднина ќе се залагаме на зголемување на безбедноста на вработените, рече Прохоров.
Тој се заблагодари до Владата и до локалната самоуправа во Македонска Каменица за поддршката и за создавањето поволна бизнис клима и доделувањето на концесијата за експлоатација на рудникот „Саса“.
Директорот за развој и инвестиции на рудникот „Саса“ Максим Прохоров истакна дека од минатата година до денес е завршен циклусот на промена на јамска опрема.
– Делови од таа опрема што пристигна пред неколку дена може да се види во рударскиот двор бидејќи се уште не е монтирана. Инвестицијата за новото јаловиште што се гради на база на проширена концесија за експлоатација за да може рудникот да работи во наредните 15 години ќе чини најмалку шест милиони евра. Штом ќе ја завршиме таа инвестиција, ќе продолжиме со нова во капитални објекти за понатамошен развој на рудникот, рече Прохоров.
Градоначалникот на Македонска Каменица, Дарко Митревски оцени дека успешното функционирање на „Саса“ значи и успешно функционирање и на општината.Претседателот на Владата Емил Димитриев, кој присуствуваше на свеченоста, истакна дека во моментот рудникот „Саса“ е еден од најголемит