Специјалното Јавно Обвинителство стана главен егзекутор кој е во функција на некои политички партии, изјави премиерот Емил Димитриев во гостувањето во Телевизијата Сител.Посочи дека СЈО како институција сама си го оспорува својот кредибилитет, бидејќи како што вели, СЈО е алатка за пресметка меѓу политичките партии.
-СЈО покрена обвиненија против една партија, ВМРО-ДПМНЕ, медиуми, а имам информации дека ќе се поднесат обвиненија кон партии од албанскиот корпус, што на некој начин влијае на силите во Парламентот, истакна Димитриев.
Димитриев вели дека со СЈО се поставиле двојни стандарди поради висината на платата.
-Ние на годишно ниво губиме 4 милиони евра. Поставивме двојни стандарди заради платите, и другите институции оправдано можат да реагираат, потенцира премиерот.
Вели дека не постои ниту една оправдана причина за постоење на СЈО, откако на оваа институција ќе и заврши мандатот.
-Со продолжување на мандатот се прекршува пржинскиот договор, поради рокот на нејзиното постоење, истакна Димитриев.
Подвлече дека кредибилноста на Специјалното Јавно Обвинителство е тотално изгубена и дека треба да му се овозможи да го одработи предвидениот рок.Посочи дека СЈО како институција сама си го оспорува својот кредибилитет, бидејќи како што вели, СЈО е алатка за пресметка меѓу политичките партии.