Претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев упати честитка до претседателот на Еврејската заедница во Македонија и до припадниците на еврејската заедница во која им ја честита еврејската Нова година – Рош Хасана.– Празнувањето и одбележувањето на деновите кои се поврзани со идентитетот, секогаш и секаде претставуваат симбол на припадноста и себеидентификацијата на еден народ, што претставува едно од основните човекови права. Почитувањето на ваквите денови во Република Македонија претставува значајна вредност на нашата држава и афирмација на меѓусебното разбирање помеѓу нашите граѓани. Тоа се вредности кои го чуваат нашето единство и го осветлуваат патот на нашата иднината, вели Димитриев во честитката.
Во оваа насока, додава Димитриев, Ви ја честитам новата година и Ви посакувам се што е позитивно и се што носи радост и среќа, а што не се случило во изминатата година, да Ви се случи оваа година. Воедно, Ви посакувам мир и спокој во секој од Вашите семејства и нека Вашите животи ги води љубовта, добрата мисла и добрите дела.– Празнувањето и одбележувањето на деновите кои се поврзани со идентитетот, секогаш и секаде претставуваат симбол на припадноста и себеиденти