Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев по повод терористичките напади во Брисел испрати телеграма со сочувство до белгискиот премиер, Шарл Мишел.– Со згрозеност ја примив веста за терористичките напади на Брисел, во кои животот го загубија голем број на лица и каде има голем број на повредени. Во овие тешки мигови на тага на пријателскиот народ на Белгија, дозволете ми да изразам сочувство на семејствата на жртвите на овој варварски и антицивилизациски чин, а на повредените да им посакам брзо закрепнување. Мислите и молитивите на македонските граѓани се со граѓаните на Белгија, посочува во телеграмата Димитриев.
Република Македонија, како што истакнува, остро ги осудува и се спротивставува на секаков вид на терористички напади и стои рамо до рамо со Белгија и со нашите сојузници во борбата против тероризмот, со кој сите се соочуваме.
– Нападите во Брисел не се само напади врз мирот и слободата, туку претставуваат и атак на идејата за обединета Европа, на принципите и вредностите на кои се темели заедницата на европски народи и држави. Тероризмот ќе го победиме со заедништво, солидарност и одлучност во борбата против оние кои преку насилство сакаат да внесат страв и омраза, и кои ги загрозуваат цивилизациските придобивки на целото човештво, вели Димитриев.– Со згрозеност ја примив веста за терористичките напади на Брисел, во кои животот го загубија голем број на лица и каде има голем број на по