За реализација на оваа програма се потребни силни и способни кадри, со знаење и вештини, искуство и образование, како што е кадарот што денеска го предлагам за нов министер за финансии, рече Димитриев.-До вас е доставен мојот предлог за избор на нов министер за финансии, но пред да започнам со образложението би сакал да истакнам дека Владата на Република Македонија и покрај политичката состојба и предизвиците кои таа ги носи е максимално посветена на реализација на една обемна и комплексна програма, која има добиено огромна поддршка од граѓаните на минатите избори и изобилува со квалитетни програмски и проектни решенија, кои обезбедуваат корист за секој еден граѓанин на нашата држава, рече премиерот Емил Димитриев пред пратениците.
Програма во која, нагласи Димитриев, двигател е економската програма и реализација на економските политики кои досега се реализираа со значителен квалитет, за што сведочат и постигнатите резултати кои се верифицирани и на меѓународно ниво.
-Владата е континуирано посветена и на унапредување на реформите кои значат унапредување на стандардите кои се значајни и за подобрување на животот во Македонија, но и за реализација на европската и евроатлантската агенда на нашата земја, којашто е стратешка определба на нашата влада, додаде Димитриев.-До вас е доставен мојот предлог за избор на нов министер за финансии, но пред да започнам со образложението би сакал да истакнам дека Владата на Р