Димитриев: За два месеци можно рестартирање на Злетово и Тораница

Рестартот на рудниците Злетово и Тораница може да се очекува после еден до два месеци доколку подготовките за тоа се одвиваат со предвидената динамика. Расчистени се хипотеките, а во тек е продажба на имотот неопходна за рестартирање на рудниците.Како што информираше премиерот Емил Димитриев, одговарајќи на пратеничко прашање, целата постапка околу избор на нов концесионер на рудниците е завршена и компанијата Минстрој ги презема рудниците нешто што, како што рече, следело после прогласување на стечајна постапка и одење во стечај на рудниците како резултат на лошто работење од претходниот сосптвеник.
– Во моментов тече фазата на продажба на имотот неопходна за рестарт на руднците бидејќи една работа е доделување на концесија на минералните суровини, а другиот процес е стекнување право на сопственост на имотот. Во изминатиот период доста време се потроши на расчситување со хипотеки поставени на имотот од страна на претходниот сопственик, значи во една судска постапка беа рачистени сите хипотеки. На тоа се жалеше претходниот сопственик, но повисоки инстанци во судството ги потврдија првичните одлуки. По расчистувањето на сите хипотеки врз имотот се пристапи на постапка за негова продажба, рече Димитриев.
Очекува дека во првата недела од јули да се одржи собрание на доверители што ќе одлучува дали понудената сума е прифатлива, а ако се донесе одлука дека таа е прифатлива потоа би следело рестартирањето.
– Тоа би било некоја идеална динамика, средина на месец јули за Злетово, а малку подоцна за Тораница бидејќи има одредени проблеми во делот на експлоатација на рудата. Значи месец до два дена би траело тоа отстранувањето на таа пречка и Тораница би профункционирала во  полн капацитет. Значи се работи за едно важно прашање за граѓаните од Источна Македонија, за граѓаните од Пробиштип и Крива Паланка, истакна премиерот Димитриев.
Верувам, рече тој, дека како што оди процесот, етапа по етапа согласно сите законски процедури ќе дојдеме до моментот за рестарт, повторно враќање на близу илјада вработени од овој крај.
– Се  надевам и очекувам инвеститорот да си стои на зборот во делот на покачување на платите на вработените, во делот на набавката на нова опрема, во делот на инвестициите за нови рудни наоѓалишта. Сметам дека ако стојат на зборот ова би значело нова епоха за овие два рудника и една нова перспектива за овие два града во источна Македонија, бидејќи веќе подолго време трае овој процес на превземање на рудникот од еден на друг сопственик и се чувствува на стандардот на жителите на овие градови, рече премиерот Димитриев.Како што информираше премиерот Емил Димитриев, одговарајќи на пратеничко прашање, целата постапка околу избор на нов концесионер на рудниците

Пронајдете не на следниве мрежи: