Владата на Република Македонија од денеска почнува понтензивна комуникација со сите институции со цел да го зголеми фокусот на реализација на планот на активности за итните реформски приоритети, најави премиерот Емил Димитриев.– Во периодот кога беа распишани изборите ваквите активности не одеа со динамиката која беше посакувана. Сега согласно акцискиот план во кој се точно утврдени рокови за сите мерки сите институции преземаат обврски за да го реализираат она што се бара од нив, изјави Димитриев по координативниот работен состанок во Владата на тема „Акциски план за реализација на итните реформски приоритети“.
Прецизира дека од акцискиот план произлегуваат неколку стотици мерки кои задираат во речиси сите области како што се правосудството, јавната администрацијабезбедносниот сектор, медиумите, меѓуетничките односи…
– Еден голем сет на реформи се исправени пред нас, но убеден сум дека со силен ангажман од страна на Владата и на сите задолжени за реализација на реформите ќе го завршиме процесот онака како што се бара бидејќи е од огромно значење за членството на Република Македонија во ЕУ и НАТО, рече Димитриев.
На овој начин, додаде од наша страна покажуваме кооперативност за сите работи кои беа претходно проблематизирани како се системски уредени.
– Се надевам дека реформите ќе донесат и дополнителен бенефит за подобро функционирање на институциите и подобро регулирање на областите кои се предмет на реформите. Еден дел од мерките можат сами институциите со интерни акти и прописи да ги донесат, еден дел ќе бидат разгледани на владино ниво, дел ќе одат и во Собрание каде ќе бидат преточени во законски решенија кои ќе се носат со или без двотретинско мнозинство, а еден дел е оставен за дополнителен дијалог помеѓу политичките партии односно се бара разговор или решенија на политичко ниво, рече Димитриев нагласувајќи дека тоа покажува оти има доволен простор за вклучување на опозицијата во процесот во носење на реформи.
– Нас, потенцира ќе ни биде драго да имаме квалитетни предлози и од опозицијата бидејќи реформите ги правиме за Република Македонија и за доброто на државата, а не заради интересот на Владата или на одредена политичка партија.– Во периодот кога беа распишани изборите ваквите активности не одеа со динамиката која беше посакувана. Сега согласно акцискиот план во кој