Димитров: Факт е дека актуелната власт вложи во културата повеќе од сите претходни влади заедно

Опозицијата додека беше на власт не донесе основен закон за собирање на данок, истакна Братислав Димитров во „ОКО“ на ТВ Нова, надоврзувајќи се на дискусијата околу финансирањето на театрите од страна на Министерството за култура и средствата од буџетот наменети за таа цел.Актуелната власт, како никогаш досега, вложи во културата повеќе од сите претходни влади заедно , тоа е факт, истакна директорот на театарот за деца и млaдинци.
-Во однос на критиките ми пречи што опозицијата прави и дава еден пример кој е многу банален и вулгарен. Од политичарите не ме чуди, но кога театарски луѓе ќе кажат дека „бронза не може да се мачка на леб”, цитирајќи го нивниот бивш лидер,  тоа е вулгарно. Тоа е како дилемата што е поважно, Шекспир или колбас? Македонскиот народ низ вековите опстојувал со фолклор, со култура, со црква, обичаи. Културата е најблескавиот златен штит што ја чува нашата нација. Светот е културен, не е материјален“, смета Димитров.
Оваа недела во „ОКО“ со Горан Петрески се зборуваше за театарската уметност и политиката. Гости во емисијата беа директорот на театарот за деца и младинци Братислав Димитров,  Сања Арсовска од драмскиот театар,  Крсте Јовановски од театарот Комедија, како и Мартин Бабиќ, пензиониран актер.Актуелната власт, како никогаш досега, вложи во културата повеќе од сите претходни влади заедно , тоа е факт, истакна директорот на театарот за дец

Пронајдете не на следниве мрежи: