Димитров: Македонија и Бугарија до 1944 имаат потполно заедничка историја По 1944, веќе природно се разделуваат двата народи, односно се разделуваат двете населенија, на Бугарија и на Македонија. Тоа веќе е вашата историја. Таа веќе не е мала, се одвива повеќе од 70 години, скоро ќе стане 100. Би требало да се задоволни. На таа историја ние не посегнуваме, тоа си е ваша историја, изјави во телефонски разговор во ОКО на ТВ НОВА Божидар Димитров, еден од најгласните негатори на македонизмот, актуелен директор на бугарскиот национален историски музеј.
Според него, без разлика на расправиите околу историјата Македонија и Бугарија мораат да градат добрососедски оноси.
„Секој човек гледа да е добар со соседите, па така е и со Македонија. Ние со Србите, Романците, Турците и Грците сме воделе битки, со стотици илјади војска за во моментов да имаме прекрасни односи. А со Македонија не сме пукнале ни една пушка еден против друг, за да бидеме во лоши односи. И тоа зошто? Поради историјата, не сме се скарале, да речеме поради нешта кои се важни“, изјави Димитров.По 1944, веќе природно се разделуваат двата народи, односно се разделуваат двете населенија, на Бугарија и на Македонија. Тоа веќе е вашата историј