Нема интервју во кое министерот за надворешни работи Никола Димитров, а да не го споменува во негативна конотација претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски истовремено воздигнувајќи се себеси како визионер и модерен политичар.Се чини Димитров кој во најголем дел од мандатите на Груевски обавуваше државни дипломатски функции и работеше за владата на Груевски, како да има сериозен комплекс и не може да даде интервју, а да не го нападне Груевски, кој пак тотално го игнорира. Дури ни Заев толку во своите последни интервјуа не го споменува Груевски колку што тоа го прави Димитров.
Покрај јавните напади во медиумите, комплексот на Димитров излегувал на површина и на високите средби со претставниците на меѓународната заедница, кои малку и се потсмевале со Димитров во меѓусебните неформални разговори, односно со неговата опседнатост со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Така на пример при посетата во Брисел, Димитров отворено побарал Брисел да помогне за смена на Груевски во партијата за да се отворело пат името да се реши, односно да се смени, со консензус меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, објаснувајќи дека Груевски бил пречката за тоа.
Истото постојано го повторувал и на состаноците со Американците и другите претставници на меѓународната заедница. Во Брисел биле малку збунети што до пред неколку години истиот човек доаѓал и ги бранел позициите на владата на Груевски и самиот Груевски, и иако некои од нив не се согласуваат со позиците на Груевски за името, малку со прикриен потсмев гледале кон него.
Димитров инаку е познат по тоа што во вмровските кругови во 2011-та се понудил како што кажал тој ,,да облече партиски дрес“ да се зачлени во ВМРО-ДПМНЕ и отворено да се декларира како нејзин припадник доколку му се овозможи да биде министер за надворешни работи. По извршените внатрепартиски консултации било отценето дека партијата не треба да воведува принцип некој да стане нејзин член со услов да стане министер, а Димитров за министер не поминал бидејќи бил проценет и како нестабилна личност и карактер, па така наместо нему, министерската функција му била понудена на Никола Попоски, а на Димитров му било понудено да обавува дипломатски функции.
Неговите бес и фрустрација од нереализираноста во политиката испливаа на површина кога по почетокот на „бомбите“ се активираше на страната на СДСМ. Очигледно таму на некој начин поминала приказната со дресот, независно дали ќе е со или без членска книшка. Сега неколку години подоцна, низ јавни изјави и средби со странски политичари Димитров има потреба постојано да го напаѓа Груевски, можеби потсвесно сакајќи со тоа да му покаже дека наводно згрешил во изборот во 2011-та.Се чини Димитров кој во најголем дел од мандатите на Груевски обавуваше државни дипломатски функции и работеше за владата на Груевски, како да има