Во интервју за ТВ Нова, на прашање дали моменталната состојба е таква поради тоа што на народот му е преку глава од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, како што тврди СДСМ, режисерот Братислав Димитров вели дека народот не мисли така и тоа се покажало на многу претходни избори.„Во една моја колумна пред неколку години предвидов, и за жал бев во право. Уште тогаш насетив дека кај нив ќе се јави апстиненцијална криза, а таа апстиненцијална криза за власт е многу пострашна од алкохоличарска, од коцкарска, од наркоманска, затоа што во тој период се менуваа на четири години. И тоа сега се случува, тие се влезени во еден филм, како коцкари кои ставаат на сѐ или ништо, не гледајќи каква штета прават. Сега доаѓаме до ситуација кога ги обесмислија изборите“, изјави Димитров.
„Тој ментален отров што го шират по улиците, во комшилук, помеѓу пријатели, роднини, ќе треба уште многу време да се деконтаминира општествениот простор од таа омраза, гнев, од тие одмазднички страсти, заканување… Тоа е навистина невидена ситуација“, додаде Димитров.„Во една моја колумна пред неколку години предвидов, и за жал бев во право. Уште тогаш насетив дека кај нив ќе се јави апстиненцијална криза,