Димитровска се јави со став околу последните случувања на политичката сцена.По повод реакциите на родители на деца со посебни потреби, Димитровска со апел: Да не се користат одредени зборови, што дури и да не се наменети злонамерно кон лицата со хендикеп, сепак може да ги повредат.
Ова важи за сите политички партии, без исклучок.
Во продолжение следи нејзината реакција:
„Јас, Бранкица Димитровска, регионален координатор на РЦ поттикната од последните случувања односно од поединечни реакции на родители коишто имаат деца со посебни потреби а во врска со користењето на одредени зборови од страна на пратениците во собранието на Р.Македонија морав да се јавам со свое гледиште и став…
Ги повикувам сите јавни чинители во општествениот и политичкиот живот иако верувам дека секој употребен збор кој е искажан а кој може да се свати во негативна конотација од лицата со посебни потреби не е злонамерен да се обидат да не ги употребуваат истите.
Ова го кажувам од причина што во досегашната соработка со интерпарламентарната група којашто е дел од нашиот парламент имаме одлична соработка и разбирање за проблемите со коишто се соочуваме во реалноста и на секој начин во рамките на своите можности ни излегуваат во пресрет.
Во исто време ги повикувам и сите политички партии да лицата со хендикеп не ги користат во остварување на своите политички цели и собирање на дневнополитички поени.
Инаку и Јас сум дел од лицата со посебни потреби и сум во количка повеке од две децении.“По повод реакциите на родители на деца со посебни потреби, Димитровска со апел: Да не се користат одредени зборови, што дури и да не се наменети зл