Димков: Граѓаните на Република Македонија треба да знаат на што се согласил Заев во Софија

Остануваат уште 40-тина дена до потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија, кое Заев го најави за Илинден, а никој во Македонија не знае што тој прифатил во Софија, изјави на денешната прес-конференција Трајко Димков од ВМРО-ДПМНЕ. Остануваат уште 40-тина дена до потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија, кое Заев го најави за Илинден, а никој во Македонија не знае што тој прифатил во Софија.
Заев во текот на изборниот период ветуваше дебата и инклузивност за сите прашања, а сега да гледаме како зад затворени врати, крајно нетранспарентно, одлучува за работи од суштинско значење за Македонија.
Граѓаните на Република Македонија треба да знаат на што се согласил Заев во Софија. Тој изјави  дека е договорено се, освен еден мал сегмент кој ќе го утврдат со  најобично кафе пиење, за да на 2 август во Македонија биде потпишан договорот.
Заев од Софија кажа дека ќе брише делови од учебниците по историја. Тој треба  да им објасни на македонските граѓани кои делови ќе ги брише и кој  ќе одлучи што да се брише?
Додека Заев ја обвинува Република Македонија за национализам, од многу страни доаѓаат изјави со кои се негира македонската држава, јазик, култура и историја.
Заев срамно молчи за изјавите дека македонскиот јазик е бугарски дијалект, исто како што молчи и околу тврдењата дека суверена Македонија била творба на коминтерната. Заев и Владата молчат и кога се негира посебноста на македонската историја со апсурдни образложенија дека Македонија и Бугарија немале ниту заедничка историја, туку една иста. Ваквото однесување е недозволиво. Министерството за надворешни работи има обврска да ги штити македонските национални интереси.
Зоран Заев ја обвинува Република Македонија за национализам и омраза, а ниту еднаш не кажа кон кого Република Македонија шири национализам и омраза и во што ги видел национализмот и омразата.
ВМРО-ДПМНЕ е за градење на добрососедски односи, базирани на взаемно почитување. ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи се што е во насока на подобрување на односите со соседите, но ништо кое е во спротивност со интересите на македонскиот народ и држава.
Наместо распродажба на националите интереси на државата и разградување на националното ткиво, граѓаните од Заев очекуваат да ги исполни изборните ветувања за 16.000 денари минимална плата, 30.000 денари просечна палата, нови 500 километри автопат и 550 километри магистрални и регионални патишта, како и плата од 100.000 денари за докторите.
Остануваат уште 40-тина дена до потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија, кое Заев го најави за Илинден, а никој во Македонија не з

Пронајдете не на следниве мрежи: