Димовски: Државните задолжувања станаа заштитен знак на владата на СДС и Зоран Заев

Државните задолжувања станаа заштитен знак на владата на СДС и Зоран Заев. Џелатите на македонската економија, Заев, Анѓушев и Тевдовски, за само 4 ипол месеци, што по основ на задолжување, што по основ на топење на девизните резерви, ги задолжија граѓаните за фрапантни 523 милиони евра, или за над половина милијарда евра, а за овие пари немаат поставено ниту една бандера, вели Гоце Димовски од ВМРО-ДПМНЕ. -Замислете почитувани граѓани, секојдневно се задолжуваме за 3,7 милиони евра, а владата на СДС ниту гради автопати, ниту гради училишта, ниту гради болници, туку напротив, СДС моментално ги има прекинато сите посериозни капитални проекти, со што ги остава во неизвесност илјадници работници кои токму преку овие ангажмани, обезбедуваа егзистенција за своите фамилии. Владата на СДС ги остави на цедило домашните фирми и претпријатија кои директно или индиректно беа ангажирани во овие проекти, без можност да работат и со тоа да придонесуваат во домашната економија. Доколку СДС продолжи со ова темпо на задолжување, за една година од нивното криминално владеење, ќе ги задолжи граѓаните за вртоглави милијарда и 350 милиони евра, или, до крајот на нивниот мандат, Македонија ќе биде задолжена за речиси 5 ипол милијарди евра. Да почитувани, еден мандат на СДС ќе ја чини државата 5 ипол милијарди евра, потенцира Димовски.
Тој додава дека дури и при вакви енормни суми на задолжување, некадарниот СДС ја турна државата во рецесија.
-Ниту едно алиби на социјалдемократскиот сојуз не може да ја оправда хаваријата што тие ја предизвикаа во македонското стопанство. Индустриското производство опадна за цели 5,3%, а извозот бележи пад за катастрофални 12%, а Република Македонија е единствената земја во Европа која има негативен економски раст. За да го покријат неспособното работење, СДС ја задолжи државата за пола милијарда евра за кои граѓаните не знаат на што се потрошени или пак ќе бидат потрошени. Каде е сега „научното откритие“ на Таки Фити и на МАНУ, олицетворено во „бројчаник“ кој го мери државниот долг? Каде е сега истиот тој бројчаник што до вчера политички го туркаа невладините организации и портали на Сорос? За жал, животот дојде само за криминогената врхушка на СДС која се богати на сметка на чесните граѓани. Црното економско трио, Заев, Тевдовски и Анѓушев, ќе одговараат за поигрувањето со народните пари и катастрофалното управување со економијата. На 15-ти октомври граѓаните ќе кажат големо НЕ на ова расипничко владеење, истакна Димовски.
 
-Замислете почитувани граѓани, секојдневно се задолжуваме за 3,7 милиони евра, а владата на СДС ниту гради автопати, ниту гради училишта, ниту град

Пронајдете не на следниве мрежи: