Република Македонија повеќе месеци живееше во политичка криза, Собранието и пратениците во него имаат одговорност врз основна на своите убедувања и врз основа на обврските кои што ги и превезеле, гласајќи изборен законик, поддржувајќи договор помеѓу 4-те политички партии за излез од оваа криза да донесе одлука за свое распуштање како неопходен предуслов Република Македонија да излезе на предвремени парламентарни избори на 24 април 2016 година, рече пратеникот Илија Димовски, на денешнана седница на Собранието за негово распуштање.Ова Собрание, потсети Димовски, веќе гласаше законик со кој беше утврден датумот 24 април и за тој закон гласаа претставници на сите 4 големи политички партии во Собранието.
-Но ние имаме обврска да ги слушнеме и граѓаните оние граѓани кои секојдневно не прашуваат кога ќе заврши оваа политичка криза. Оние граѓани кои се наоѓаат под притисокот на политиката, оние граѓани кои што ги запреа своите бизниси, оние граѓани кои што го запреа нормалното живеење под притисок на политиката. Ние сме должни како Собрание и пратеници, како возрасни луѓе да ставиме точка на оваа политичка криза и да овозможиме да го вратиме нашиот мандат на оние на кои што им припаѓа. На оние кои што одлучуваат за суверенитетот и за патеката по која ќе оди Македонија , појасни Димовски.
Нема поголема доблест за едно Собрание, вели Димовски, од тоа да гласа за свое распуштање. Тоа значи, додава тој, дека во овој ден пратениците ќе одлучат тие повеќе да не одлучуваат туку финалната одлука за тоа по која патека ќе оди државата да ја донесат граѓаните на Македонија.
Целиот говор погледнете го на следниот линк:Ова Собрание, потсети Димовски, веќе гласаше законик со кој беше утврден датумот 24 април и за тој закон гласаа претставници на сите 4 големи полит