Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски денес се сретна со младите, со пензионери, беше во посета на пазарот, а поразговарал и со земјоделците во Штип.-Штип е различен град од пред 10 години, Штип е образовно, економски, административен, сообраќаен центар на источна Македонија. Со младите разговаравме околу состојбата на нивниот живот во Штип. Среќни сме што тука во 2007 година се формираше Универзитет кој денес има над 15-16.000 студенти со 13 факултети и кој овозможи многу млади да останат во Штип, да студираат и да ја бараат својата иднина во Штип. Пред 2007-ма година младите учеа или во Скопје, а многу од нив одеа во соседните држави, вели Димовски.
Тој додаде дека во Штип има и над 5.000 студенти кои доаѓаат од другите градови, што економски влијае на пазарот во овој град.
-Кога ние го носевме законот за формирање на Универзитетот „Гоце Делчев“ јас гласав за тој универзитет и сум многу горд на тоа. Пратениците од СДСМ велеа дека тоа е избрзано решение, дека е хаотично решение и не даваа поддршка. Жалам што нивниот лидер излажа дека иницијативите за Универзитетот се од 2004, но тоа доликува на Зоран Заев и на СДСМ, посочи Димовски.
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека кога СДСМ раководеле во Штип, се затвориле најголемите индустриски капацитети.
– Граѓаните се мудри и знаат дека економската состојба, стандардот зависи од општиот развој на економијата. Колку повеќе фабрики се отворат во Штип, толку ќе има поголема побарувачка на работна сила и повеќе ќе растат платите, што ќе влијае на целиот промет во градот. Граѓаните нема да веруваат на политичари кои ветуваа по еден вработен од секое семејство, а ништо не исполнија, потенцираше Димовски.-Штип е различен град од пред 10 години, Штип е образовно, економски, административен, сообраќаен центар на источна Македонија. Со младите разговар