Координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Илија Димовски денес му порача на следниот состав на Парламентот да продолжат да ја градат Република Македонија и да ја зачуваат онакава за каква што се бореле генерации Македонци.– Следните 50 дена како никогаш досега ќе бидат клучни за тоа дали РМ ќе чекори кон патека која што ќе значи стабилност или ќе дозволиме на разноразни удбашки структури повторно да ја повлечат оваа држава во сомнителен колосек, рече Димовски.
Додаде дека граѓаните на РМ ќе застанат зад онаа политика која што значи отворање на десетици и десетици илјадни работни места.
Граѓаните на РМ, нагласи тој, ќе гласаат за онаа политика која што значи буквална реизградба на целата патна инфраструктура во РМ.
– Граѓаните на РМ без разлика на својата етничка или религиозна припадност не прифаќаат ниту обиди за рушење на монетарниот и банкарскиот систем онака како што неколку ткн. експерти всушност поранешни министри во владите на СДСМ се обидоа да го направат со внесување страв дека банките во РМ штотуку не пропаднале, рече меѓу другото Димовски, додавајќи оти граѓаните на РМ, исто така, не заслужуваат да гледаат физички напади врз припадниците на МВР, онака како што видовме од претставници на една политичка партија.
Димовски истакна дека граѓаните на РМ никогаш нема да поддржат политика која што значи виткање на кичмата и калкулирање, како што рече, со националниот идентитет на македонскиот народ и со името на РМ онака како што лидерот на СДСМ неколкупати во минатите неколку годни наназад кажа дека има намера да направи.
– Граѓаните на РМ нема да поддржат и не поддржуваат пазарење со внатрешните меѓуетнички односи и пазарење со уставното уредување на оваа држава онака како што видни претставници на СДСМ кои директно кои индиректно најавуваат дека планираат да направат во следниот период. Граѓаните на Република Македонија не сакаат повеќе со оваа држава да маневрираат, да манипулираат и да ја уценуваат разноразни припадници на безбедносните служби од минатиот систем којшто до ден денеска неказнети за жал ја малтретираат целата држава, коишто за жал учествуваа и во следењето на многу политички претставници од почетокот на 90-тите години коишто учествуваа во креирање на „Големото уво“, кои учествуваа во креирање на воениот конфлкт во РМ, коишто очигледно учествувале во креирањето и прислушувањето во минатите неколку години и коишто денеска рамо до рамо и тука во Парламентот и надвор од Парламентот со истите удбашки методи се обидуваат да ја уценуваат целата држава, рече меѓу другото од говорницата Димовски.
Тој изрази надеж дека неговите колеги од СДСМ, како што рече, после два дена, четири, пет, десет дена или на пет дена пред изборите нема да трчаат по странските амбасади да бараат помош некој да ги спасува од сигурен изборен пораз заради тоа што овојпат, истакна, македонскиот народ и граѓаните на РМ ќе се борат оваа држава да продолжи да привлекува странски инвестиции, да продолжи да отвора нови фабрики онака како што минатите денови се отворија во Охрид, Велес, онака како што работат веќе во Штип, Кочани, Струмица, Бунарџиќ, Битола, Кавадарци.– Следните 50 дена како никогаш досега ќе бидат клучни за тоа дали РМ ќе чекори кон патека која што ќе значи стабилност или ќе дозволиме на р