Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ синоќа оствари средби со голем број на граѓани каде истакна дека Карбинци беше со годините наназад општина која беше заборавена и практично беше избришана од мапата на Република Македонија, а сега тоа е модерно место за живеење.-Од кога нашиот тим раководи со општината би рекол дека во една мала рурална општина се постелени 27 километри асфалтни патишта, изградена е градинка, реконтруирани се пет училишта, мостовите се санирани, практично тие се од нула направени, тука исто така имаше проблем и со поплавите и тоа е санирано. Општината Карбинци исто така прави и своја индустриска зона, каде што веќе шест парцели се продадени на инвеститори, но исто така Карбинци е многу блиску до Штип, па граѓаните можат да се вработуваат во многу од инвестициите кои се отворени во таму, истакна Димовски.
Тој исто така потенцираше и дека сите овие проекти се само една добра приказна како ВМРО-ДПМНЕ со сиот свој потенцијал и со сиот тим може една општина која СДСМ со децении ја имаше запоставено каде што не се инвестираше ни правеше нешто да покаже пример дека и во една таква рурална средина да се градат и водоводи и канализации и да се постила асфалт.
-Многу граѓани од оваа општина се дел од мерките на Владата на Република Македонија за субвенционирање во земјоделието и многу семејства практично тука ги добиваат тие субвенции за земјоделието. Пензионерите исто така имаат свои поволности и она што ни го препорачуваа граѓаните е да продолжиме по таа патека која инвестира во инфраструктура, како што се прави практично во цела Источна Македонија, каде што Владата и Парламентот на Република Македонија одвојуваат огромни средства од буџетот за да се направат автопати, да се донесе гасификацијата која што е многу близу тука веќе донесена. Во иднина ќе се бориме по таа патека против редефинирање на државата, обидите за воведување двојазичност и промената на уставното име кои опозицијата очигледно има намера да ги направи. Овие граѓани од Карбинци и од цела Источна Македонија никогаш за себе нема да кажат дека не се патриоти, бидејќи најпратиотскиот дел е токму овде во срцето на Источна Македонија, истакна Димовски.-Од кога нашиот тим раководи со општината би рекол дека во една мала рурална општина се постелени 27 километри асфалтни патишта, изградена е градин