По распуштањето на Парламентот од денеска како политичка партија почнуваме силно на терен, а како симболика во Изборната единица 3 почнуваме од Штип, градот кој во изминатите години прерасна во административен, образовен и економски центар изјави вечерва Илија Димовски од штабот на ОК на ВМРО ДПМНЕ –Штип.– Време е овој пат максимално да се ангажираме и тоа ќе го направиме сите заедно како тим, кој што многу вложил во целата изборна единица, посебно во овој град Штип. Ќе се обидеме да стигнеме до секој граѓанин, да отидиме во секое населено место, заради тоа што овој пат во прашање е стабилноста на државата. Граѓаните на Република Македонија повеќе не сакаат да живеат во времиња, во кои ќе имаме секојдневни дестабилизации, секојдневни шокови, кога ќе има напад врз институции, напади врз припадници на министерството за внатрешни работи, обиди за девалвација на денарот, напади по македонскиот банкарски и монетарен систем, вели Димовски.
Тој истакна дека граѓаните сакаат стабилна држава која ќе се грижи за националните интереси на македонскиот народ и ќе се грижи за економски напредок, зголемување на бројот на новите работни места и на платите во приватниот сектор и отварање на нови фабрики.
– Граѓаните сакаат да ги гледаат и автопатите како од ден во ден се се поблиски до Штип, но и ќе сакаат да ги гледаат и локалните патишта и локалната инфраструктура, реконструкцијата на училиштата, изгрaдбата на болниците кои што исто така го гледаат секој ден со свое око. Затоа овој пат немаме намера да запреме и имаме намера да дојдеме до конечната цел од 63 пратеници. Не за да ни биде нас полесна работата, туку Република Македонија да биде стабилна држава, рече Димовски.
Тој забележа дека во сите изборни единици ќе има постапки како и во секоја изборна кампања, кога станува збор за правењето на листите за пратеници на ВМРО – ДПМНЕ.
– Имаме огромен број на квалитетни кадри, како во Штип така и во останатите градови. Конкуренцијата нормално е присутна, но е и квалитет. Тоа значи добра понуда до граѓаните, ќе си се одржат работните состаноци на сите нивоа на партиските органи, а затоа конечно ќе одлучи Централниот комитет на партијата некаде во рамки на роковите, кои што се предвидени, рече Димовски.
Во текот на кампањата, посочи, пред граѓаните ќе зборуваат за она што ги поддржуваат, а тоа се економскиот развој, привлекување на странски инвестиции, а пред се заштита на националните и државни интереси, со што нема да се дозволи двојазичност во Штип и федерализација на Република Македонија.
– Ние планираме да се обраќаме кон граѓаните, ние не сакаме да имаме работа со политичка структура, политичка партија, која што користеше удбашки методи во изминатите две години и се обиде да направи максимална дестабилизација на државата во сите сегменти и безбедносно и меѓуетнички и внатре меѓу македонскиот народ и екопномски и финансиски, рече Димовски.– Време е овој пат максимално да се ангажираме и тоа ќе го направиме сите заедно како тим, кој што многу вложил во целата изборна единица, по