На денешната собраниска расправа на кој што се зборува за импичментот за Претседателот Ѓорѓе Иванов, координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека Иванов во ниту еден случај не го прекршил Уставот и законите и дека кога се отвора темата за легитимитетот на Претседателот, Димовски рече дека Иванов има повеќе гласови од трите партии кои што ја покренаа иницијативата за импичмент, а тоа се СДСМ, ДУИ и ДПА.-Би сакал да укажам дека начинот на кој што Претседателот ја остварува својата функција и одговара за своето работење е утврдено со Уставот на Република Македонија и неговата одговорност е пред граѓанитеи пред Собранието, но Собранието во оваа постапка досега утврди дека не постои прекршување на Уставот и на законите. Доколку Претседателот Ѓорѓе Иванов во одредена фаза оцени дека е потребно да се обрати на Собранието, тој според друг член од Уставот кој што се надевам дека го знаат колегите од опозицијата има право во секој момент да побара свое обраќање. Во секој случај би сакал да кажам дека очигледно некои политичари забораваат дека Претседателот на Република Македонија зад себе има 540 илјади гласови, а сите политички партии заедно кои што се потпишани на оваа иницијатива имаат 503 илјади гласови. Тоа е лигитимитет и легалитет, рече Димовски.-Би сакал да укажам дека начинот на кој што Претседателот ја остварува својата функција и одговара за своето работење е утврдено со Уставот на Репу
Пронајдете не на следниве мрежи: