После вчерашните инциденти со мигрантите на границата со Грција реакциите никако да стивнат. На таа тема во вестите на ТВ Нова зборуваше Злате Димовски, професор од факултетот за безбедност.Тој истакна дека ваквиот упад значи дека историскиот договор помеѓу Турција и Европската Унија не го стави очекуваниот крај на проблемите со мигрантите.
-По договорот помеѓу ЕУ и Турција мислевме ќе биде крај, но се испоставува дека и покрај затворањето на балканската рута, Македонија сè уште се соочува со проблеми. Реално беше да се очекува ваква реакција од страна на мигрантите со оглед на тоа што долго трае имплементацијата на договорот помеѓу Европската Унија и Турција. Сепак, нашата држава постапи согласно со договореното и во таа функција ги постави овие бариери, со цел да спречи навлегување на мигрантите во македонска територија, вели Димовски за ТВ Нова.
Во однос на пасивноста од грчка страна, Димовски истакна дека на луѓето кои се во криза лесно може да им се наметне убедувањето да ја пробијат границата и да влезат во Македонија.
-Ќе зборувам од безбедносен аспект. Македонската полиција во Солун склучи договор за мигрантската криза. Затоа требаше Грција да алармира дека се подготвува нешто од нивна страна и да делува на смирување на тензиите. Заедно со нив требаше да го спроведеме системот на сендвич ставајќи ги мигрантите во средина, па ние да ја заштитиме нашата граница, рече Димовски.Тој истакна дека ваквиот упад значи дека историскиот договор помеѓу Турција и Европската Унија не го стави очекуваниот крај на проблемите со мигран