Промоција на едицијата „Црните страници на УДБА“ која што неодамна беше издадена од страна на Државниот архив на Македонија денес се одржа во Велес на која што присуствуваа голем број на граѓани кои беа заинтересирани за неовластено направени извештаи од тајната полиција во кои е опишано што се случувало во Македонија од 1945 до 2000 година.Имено, по повод оваа промоција изјава имаше господинот Илија Димовски кој што рече дека овој настан за него има емотивно значење бидејќи тој бил еден од многуте кои што на свои 16 години бил следен од страна на тајната полиција.
-За мене овој настан има повеќе и емотивно значење од две причини. Прво, заради тоа што во овие книги иако нема многу досиеја кои што директно се однесуваат на граѓани од Велес, има многу имиња на граѓани од Велес кои што биле активни во поствоениот период во организации и групи на ВМРО кои што се бореле за самостојна, суверена и обединета Македонија, но за жал има многу имиња на наши сограѓани денес живи кои што во почетокот на деведесетите беа предвесници на плурализмот во нашиот град. Доколку внимателно се прочитаат овие книги секој велешанец ќе најде најмалце петнаесетина имиња на наши сограѓани кои што до ден денес се живи и веројатно дел ќе бидат присутни на оваа промоција. Втората причина е тоа што благодарение на ова издание на Државниот архив на Република Македонија, јас и за мене лично пронајдов дека на мои 16 години сум бил активно следен од страна на тогашната државна безбедност односно на одделението во градот Велес. Значи да повторам, на мои 16 години сум бил следен и сум бил детектиран по линија на македонски екстремизам. Апсурдот е голем што во самостојна, независна држава Македонија некои луѓе од нашиот град не само јас, десетици други биле следени и внимателно обработувани од страна на службите заради својот македонски екстремизам. Се надевам дека службите од Државниот архив во иднина ќе најде за сходно да ги локализира остатокот од досиејата односно посебно оние неколку градови каде што одсекогаш била жива идејата за самостојна и демократска Македонија како Велес, Битола, Штип, Охрид, Прилеп, да се лоцираат сите досиеја кои што се однесуваат на граѓани можеби во некое идно време да се издадат и такви посебни едиции за да граѓаните на Велес тоа што се случувало можат да го поврзат со она што го знаат и да ја добијат вистинската слика за тоа што се случувало не само во минатите 60, 70 години, туку и за она што се случувало во последните 20 години. Трета работа, јас се надевам дека после поминување на ововј предизборен период и после формирање на новото македонско Собрание, Собранието на Република Македонија ќе најде за сходно да ги разгледа овие материјали и во една легитимна и легална процедура да одлучи што со овие материјали од аспект дека делата кои што се однесуваат на загрозување на човековата слобода на мисла, на човековото слободно дејствување, се прекршување на Уставот на Република Македонија и се прекршување на низа меѓународни конвенции посебно во периодот после деведесетите години. Јас лично сметам дека Република Македонија треба да спроведе официјална државна истрага во врска со несамо тоа каде се наоѓала документацијата туку и со прекршувањето на човековите права гарантирани со Уставот на Република Македонија за конечно да се расчисти за тоа петно дека македонци не семат да се борат за Македонија, истакна Димовски.
Едицијата е составена од 16 книги во девет тома со „забранета историја“, што беше промовирана под мотото „Историја што чека да биде откриена“,и истата ќе им биде достапна на граѓаните во сите библиотеки во земјава.Имено, по повод оваа промоција изјава имаше господинот Илија Димовски кој што рече дека овој настан за него има емотивно значење бидејќи тој бил ед