-Денеска со голем број на земјоделци од Велес и велешко разговаравме што е направено досрга за нив иако перцепцијата дека Велес не е земјоделски град, огромен број околу 2.000 семејства во Велес се занимаваат со земјоделство и со нив разговараме и што е приоритет да се направи во следниот период, изјави Илија Димовски носител на ИЕ 3.-Најзначајни работи кои ги истакнуваме се дека само во Велес и велешко изминатиот период се поделени 35 милиони евра за земјоделски субвенции во кои што влегува и многу опрема и трактори, како и други машини. Она што го истакнуваме исто така е продолжетокот на поддршка на земјоделците и за следните четири години се предвидени дополнителни 600 милиони евра, од кои дел се надеваме дека ќе завршат во Велес и исто така значајно е тоа што со доработка на хидро-системот Лисиче за прв пат од тоа езеро ќе почне да се користи и вода за наводнување за големите земјоделски површини или околу 3.000 хектари во атарот на општина Чашка и општина Велес, рече Димовски.
Тој исто така истакна и дека се надева во иднина дека ова ќе биде дополнителен мотив за луѓето и во иднина уште повеќе да се занимаваат со земјоделие, а има и низа други проекти кои се предвидени за земјоделците и околу зголемување на одредени ставки за субвенционирање, а посебно на производство на семенски материјал, набавка на квалитетни раси на говеда, како и набавка на квалитетна опрема.-Најзначајни работи кои ги истакнуваме се дека само во Велес и велешко изминатиот период се поделени 35 милиони евра за земјоделски субвенции во ко