Голема заинтересираност и посетеност на мини митинзите кои се одржаа во населените места во Општина Виница, Јакимово, Градец и Истибања на кои носителот во Изборна единица 3, Илија Димовски зборуваше за мерки и проекти кои се дел од новата изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, „Реално“.Во однос на подобрување на патната инфраструктура, Димовски пред граѓаните истакна дека во Општина Виница е планирана рехабилитација и реконструкција на повеќе регионални патишта како што се: рехабилитација на патна делница Карбинци-Зрновци-Виница, реконструкција на регионален пат Виница – Бигла, реконструкција на регионален пат Берово – Виница и додаде дека ќе се реконструираат и многу локални патишта во овој дел на Македонија.
Димовски исто така потенцираше дека продолжува изградбата на клиничката болница во Штип која ќе биде во корист на сите жители од овој регион, како и изградба на автопатот Скопје – Штип и експресниот пат Штип –Кочани.
Пред граѓаните тој истакна дека е започната и гасификацијата во Источна Македонија што е од огромна значење за граѓаните и со што ќе им се подобри животот.
Покрај инфраструктурните проекти тој пред граѓаните додаде дека ќе започне да се потпомагаат домашни компании да отвораат бизниси во руралните средини, што ќе резултира со отворање на нови работни места во овој регион.
На крајот тој потенцираше дека продолжува поддршката за земјоделците, како преку земјоделските субвенции така и преку набавка на нова механизација, поддршка за младите земјоделци и уште многу други проекти.
Граѓаните со својата масовност на овие мини митинзи покажаа дека не се за двојазичност и федерализација на Македонија, туку дека се за реални и остварливи мерки и проекти со кои ќе им се подобри животот.Во однос на подобрување на патната инфраструктура, Димовски пред граѓаните истакна дека во Општина Виница е планирана рехабилитација и реконструкци