Пратеникот Илија Димовски од Собранието на Република Македонија денес изјави дека најмалку е важно дали се вика платформа или декаларација и дека тоа е само обид да се тргне од вниманието на граѓаните содржината на документот кој што ја загрозува унитарноста на државата.Димовски дополни дека колку и пратениците од СДСМ да се обидуваат да излажат дека таа платформа не постои постојано се демантирани од албанските политичари во Република Македонија, но и од политичарите во Албанија.
-Деновиве видовме дека министерот за надворешни работи на Република Албанија не само што потврди дека има платформа туку побара истата да влезе во Уставот на Република Македонија што претставува грубо мешање во внатрешните работи на Република Македонија. Оттука колеги од СДСМ, не можеме ние да си ставиме кофа на главата и да се правиме глуви и да се убедуваме дека платформа не постои. Платформата постои, рече Димовски.Димовски дополни дека колку и пратениците од СДСМ да се обидуваат да излажат дека таа платформа не постои постојано се демантирани од албанските по