Ние никогаш сме немале проблем било кој Албанец да добие било каква функција која што се бира во Собранието на Република Македонија, впрочем тоа многу пати и сме го покажале и сме го докажале, проблемот е кога кај Македонскиот народ се појавува чувство дека е надгласан и дека повеќе не е фактор во сопствената држава, мислам дека тоа чувство и ние и многу граѓани да го објасниме во изминатиов период и наидовме на глув прим вели Илија Димовски во гостувањето на Телевизија Нова.-Мислам дека оваа политичка криза не може да заврши без разбирање и воспоставување на начин на комуникација и градење на мостови, не заради политичарите, бидејќи тие се најмалку важни, туку заради репрезентативноста на граѓаните кои што својот суверенитет го дале на избори врз база на програми и врз база на концепти кои што сме ги ветувале. Во тој аспект мислам дека апелот на претседателот Иванов беше сосема солиден, реален и се надевам дека многу скоро ќе успее таа иницијатива негова да воспостави начин, дали тоа ќе биде директна или преку воспоставување на консултации и на тој начин да се надмине оваа ситуација во државата.
Тој потенцираше дека на граѓаните им е ускратено правото да учествуваат во носење на клучни одлуки за државата. На улиците шеесетина дена има огромен број на граѓани кои што никако не можам да ги поврзам со ниту една политичка партија и протестираа против овој концепт кои што за жал вчера даде една неубава слика.-Мислам дека оваа политичка криза не може да заврши без разбирање и воспоставување на начин на комуникација и градење на мостови, не заради политич