Димовски порача: Граѓаните да гласаат за стабилна држава

Граѓаните во недела, масовно, референдумски, како никогаш досега, да излезат на избори и да гласаат за стабилна држава во која ќе се почитуваат мирот и Уставот, за држава во која ќе се инвестира, гради и создава, апелира денеска од Штип носителот на листата на кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во Третата изборна единица Илија Димовски.Димовски на прес-конференција побара поддршка од граѓаните за, како што рече, цел Штип и источниот регион да продолжи да се развива, да се отвараат нови фабрики, да се гради патната инфраструктура.
– Врз база на кредибилитет и врз база на досега завршени работи ја бараме довербата од граѓаните на Штип за да го продолжиме трендот на изградба на градот во регионален центар за цела источна Македонија, напомена Димовски.
Како што рече, изградбата на автопатот Штип – Скопје кој 60 отсто е изграден, изградба на регионалните патишта од Штип кон Кочани и од Штип кон Радовиш, на Клиничката болница во Штип, изградбата, основањето и инвестициите во државниот универзитет „Гоце Делчев“, кој што Штип го направија образовен центар на источна Македонија, се само некои од проектите реализирани досега.
Во Штип, истакна, ќе се гради секундарна гасоводна мрежа, а се изградени и нови фабрики во ТИРЗ која донесе вработувања на околу 5.000 луѓе. Најави дека во наредниот период ќе продолжи изградбата на патната инфраструктура.
– Ќе инвестираме во изградба на браната на реката Отиња, проект кој штипјани го очекуваат со децении наназад, ќе изградиме четири нови детски градинки, училишна сала во населбата „Баби“, акрополата на тврдината „Исар“, симболот на Штип и ќе доживее целосна конзервација и реставрација, ќе се изгради затворен пливачки базен, ќе се изгради водоводна мрежа за населбите „Балканска“, „Македонка “ и „Чардаклија“, ќе се изгради Дневен центар за постари лица со посебни потреби и ќе се набават 252 медицински апарати во вредност од над 2.100.000 евра, подвлече Димовски.
Забележа дека на граѓаните им требаат нови фабрики, училишта, патна инфраструктура, здравствени институции, а не двојазичност, бинационална држава, промена на Устав, ниту, како што рече, какви било теми кои би предизвикале конфилкт.Димовски на прес-конференција побара поддршка од граѓаните за, како што рече, цел Штип и источниот регион да продолжи да се развива, да се отвараат

Пронајдете не на следниве мрежи: