ВМРО-ДПМНЕ го повикува СДСМ уште денес да ја прифати Методологијата за прочистување на избирачкиот список подготвена од страна Државната изборна комисија.Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Илија Димовски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
Го повикуваме Социјалдемократскиот сојуз уште денес да престане да го кочи прочистувањето на избирачкиот список.
Помина уште еден ден во кој СДСМ не превзема никакви активности за да се прочисти тој избирачки список.
Како што потенциравме пред неколку дена, Државната изборна комисија минатат недела усвои Методологија за прочистување на избирачкиот список. За оваа методологија гласаа членовите на ДИК, дури и оние кои се таму по предлог на СДСМ. За сите политички партии оваа Методологија и суштински и формално е прифатлива, но СДСМ упорно ја кочи иплементацијата на оваа Методологија со недавање на свое позитивно мислење.
СДСМ во своја изјава посочи дека немаат никакви забелешки за оваа Методологија и дека за нив е прифатлива, но сеуште не даваат формална согласност, како што е предвидено со Изборниот закон и на тој начин свесно одолговлекуваат и кочат.
Стратегијата е јасна. Предизвикуваат проблеми и хаос секаде каде што можат и секаде каде што нема. СДСМ не сака да се прочисти избирачкиот список, туку сака да продолжи политичката криза и агонија во Република Македонија.
Би потенцирал дека целиот аспект на спроведување на избори, во контекст на улогата, правата и обврските на медиумите и политичките партии е веќе прецизно регулирана со новиот Изборен закон за кој во Собранието на Република Македонија гласаа сите четири големи партии, вклучително и СДСМ. Во овој закон беа инкорпорирани огромен број на барања и предлози на СДСМ.
Доколку СДСМ сака понатамошна регулација на медиумите ние денес ги повикуваме да изберат од која држава членка на Европската унија, тие сакаат да го преземеме законот за медиуми и да го имплементираме во Македонија без никакви промени или интервенции.
Доста е кочење. Изберете која европска држава сакате и ќе го копираме нејзиниот закон. И ќе го изгласаме! Дајте согласност на Методологијата и ќе се прочисти избирачкиот список. Време е да одиме на избори! На граѓаните да им дадеме можност да го кажат својот глас.
СДСМ го потпиша договорот од јуни и јули во кој прецизно беше утврден датумот за избори на 24 април 2016 година. СДСМ го гласаше во Собрание Изборниот закон во кој како законска обврска е поставен денот на избори да биде 24 април 2016 година. Сите партии потписници стојат зад овој договор, а СДСМ е единствената која сака да го прекрши.
Од што знаат дека граѓаните не ги поддржуваат СДСМ се спремни да побараат одложување дури и на редовните избори во 2018 година . Страв им е од луѓето. Знаат дека сметката за хаосот и проблемите кои ги создадоа, токму луѓето ќе им ја наплатат.
Граѓаните на Македонија во огромно мнозинство бараат предвремени избори и бараат тие избори да се одржат на 24 април 2016 година. Постапките на СДСМ се во спротивност на барањата на граѓаните и се во спротивност на интересите на Република Македонија.
Политичките партии имаат обврска да го затворат ова негативно и деструктивно поглавје и преку избори да им овозможат на граѓаните да го кажат својот став за иднината на државата.Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Илија Димовски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
Го повикувам