Димовски: Со оставката на Ставревски, Македонија губи значаен столб за економската политика

Првите зборови на господинот Николов беа потврда за значењето и успехот на работата на министерот Ставревски и би сакал да се заблагодарам за добрите зборови. Свесни сме и ние дека Република Македонија губи од функцијата министер за финансии кои што носи еден значаен столб за економската политика , но сигурни сме дека и ново предложениот министер ќе продолжи по патеката по која што одеше господинот Ставревски, рече денес координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија димовски по повод оставката на Зоран Ставревски и изборот на новиот министер за финансии Кирил Миноски.Димовски од собраниската говорница потсети на сите успеси и позитивни политики во економијата кои што се резултат токму од работењето на Зоран Ставревски.
-Мора да дадете признани е за намалените придонеси, мора да дадете признание за намалениот данок на приход и намалениот данок на добивка, мора да дадете признание за намалениот ДДВ за десетици категории на производи кои што во ваше време се оданочуваа по повисока даночна стапка, мора да дадете признание за намалување на огромен број на давачки по однос на царинските тарифи за увоз и извоз. Она што вие сакате да го извртите, а да не го соопштите е зголемување на БРП пер капита во Република Македонија кој што во ваше време изнесувал 2471 долар, а денеска изнесува 4392 долари. И општиот БДП, тука е поголемиот буџет кој се должи на зголемување на БДП. Ако имате дилема каде се потрошиле парите јас би сакал само да ве потсетам дека Владата на Република Македонија во која што министер беше Ставревски направи многу поголема отплата на стари долгови отколку што доби нови долгови. Ќе ве потсетам на отплатата на еврообврзницата земена 2005 година од страна на Никола Поповски, ќе ве потсетам на отплата на кредитот по основ на изградба на Козјак кој што почна да се отплатува во 2007 година, ќе ве потсетам на значајното намалување на долгот кој што Република Македонија го имаше спрема ММф и Светска банка во моменти кога имавме голема ликвидност. Ќе ве потсетам на воведување на земјоделски субвенции, на зголемување на зафатот кон БДП за образование и здравство, ќе ве потсетам на огромниот број на мерки за вработување, на зголемените пензии за 70%, на зголемените плати на војската, полицијата здравствените работници, образованието, ќе ве потсетам на огромните суми на пари кои што се трошат за изградба на инфраструктура во Република Македонија. Мислам дека овие одговори начелно се доволни почеток на дебата.Димовски од собраниската говорница потсети на сите успеси и позитивни политики во економијата кои што се резултат токму од работењето на Зоран Став

Пронајдете не на следниве мрежи: