Во изминатите две години на тешка политичка криза во кои што Македонија беше во вкрстен оган од различни фактори и субјекти кои сакаа да ја клекнат државата, да ги клекнат институциите и државата и таа да капитулира со цел да се смени комплетниот идентитет, Собранието на Р. Македонија беше браната кое што не дозволи да помине ниеден закон кој што ќе значеше капитулација по линија на основните национални и државни интереси на Р.Македонија.Ова вечерва го истакна пратеникот Илија Димовски на панел дискусија во организација на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на тема „Стоиме на располагање на народот“.
Димовски им се заблагодари на шеесетте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои останале достојни и не им поклекнале на притисоците и навредите кои што ги имале.
-Сите тие шеесет дами и мажи беа достојни патриоти и опстоија на една линија која што значи зачувување на државните и националните интереси на Р.Македонија. Можете да замислите што ќе значеше доколку само 10 од нас потклекнеа на хистеријата, на лагите и на манипулациите кои што секојдневно беа лично упатувани, рече Димовски.
Атмосферата која што беше наметната во парламентот од страна на опозицијата кога се врати во Собранието, додаде Димовски, беше само пресликана слика која што се случуваше во неколку градови во Р.Македонија во смисла на рушење, деструкција и негативизам.
-Беше голем предизвик да се работи со конкурентска страна која што живее во некој фиктивен свет, во свет во кој што сите треба да веруваат во едната апсолутна вистина што едната и единствена партија, Сојузот на комунисти ја говори. Ние имавме навистина тежок период кога на овие луѓе требаше да им објасниме дека Собранието е дом на сите граѓани. Тоа што ние сме 60, а тие се 30 е заради тоа што граѓаните така сакале да биде. Токму истите тие граѓани и на изборите на 11 декември повторно ќе одлучат и бројките да не се променат, рече Димовски.
Тој посочи дека пратениците ВМРО-ДПМНЕ секојдневно се присутни меѓу граѓаните и ги решаваат нивните проблеми.Ова вечерва го истакна пратеникот Илија Димовски на панел дискусија во организација на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на тема „Стоиме на рас