Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски даде процедурална забелешка на почетокот од денешната 5-та седница на Собранието на Република Македонија каде треба да започне дискусијата по Извештајот за работата на Агенцијата за администрација за 2016 година.Тој истакна дека неговата процедурална забелешка се должи на случувањата вчера вечер во Собранието, каде Извештајот од Комисијата за финансирање и буџет не бил потпишан од страна на претседателот на работното тело како што предвидува и Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија преку членот 128 ставот 6, туку бил потпишан, како што рече Димовски, по нечија иницијатива од страна на други пратеници.
-Се јавувам процедурално во врска со случувања кои се случија сношти доцна во Собранието на Република Македонија односно во согласност со член 128 став 6 од Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија кој што јасно и прецизно вели дека претседателот на работното тело го потпишува и е одговорен за неговата веродостојност. Според нашите информации извештајот од Комисијата за финансирање и буџет не е потпишан од претседателот на Комисијата за финансирање и буџет, туку по нечија иницијатива е потпишан од некои други пратеници што е спротивно на член 128 став 6 од Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија и таквиот документ веќе е или многу наскоро ќе биде пратен како официјален документ препратен веројатно од ваша страна до Владата на Република Македонија за да владата процесуира постапка околу Дополнет предлог на буџетот, истакна Димовски.
Како што кажа Димовски, токму од тие причини, поради кршење на Деловникот за работа на Собранието, тој го искористи своето право и побара дополнителни информации и материјали во врска со оваа состојба.
-Бидејќи сношти членот 128 став 6 е прекршен, Собранието постапува надвор од овој член, јас барам од Вас да ни доставите прецизна информација во врска со ваквата состојба, да ни доставите извештај, да ни доставите кој го потпишал тој извештај, по можност пред тој извештај да го доставите до Влада на Република Македонија за да може да се усогласиме, да видиме како ваквото прекршување на Деловникот ќе биде третирано од Ваша страна и од страна на пратениците во Собранието и затоа за да има доволно време да ни го доставите тој материјал барам пауза од еден час, заврши Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека неговата процедурална забелешка се должи на случувањата вчера вечер во Собранието, каде Извештајот од Комисијата за финансирање и