Носителот на Изборната единица 3 од Коалицијата за подобра Македонија, Илија Димовски денеска пред граѓаните на Свети Николе најави нови инфрастуктурни проекти и изградбата на многу нови патишта.-Еве сме на раскрсницата помеѓу неколку улици во Свети Николе каде во моментов се реализира проект за комплетна санација и обнова на асфалт во урбана средина во должина од 1700 метри, но не е само асфалт туку комплетна промена на атмосферска канализација, водоводна мрежа, канализација за населението. Би сакал да истакнам дека овој крупен проект кој што ги интересира многу граѓаните на Свети Николе кој што живеат тука и кои се обраќаат го реализира Општина Свети Николе, но со сериозна финансиска поддршка од Владата на Република Македонија и ова е пример како ние досега сме работеле и сме воделе сметка, рече пред гаѓаните Димовски.
Тој потенцираше дека Општина Свети Николе некако како природно дојде центар на многу инфраструктурни инвестиции во Источна Македонија.
-Во тек е завршување на експресниот пат од Велес до Кадрифаково, за светиниколчани значи многу како комуникациски со цела Македонија, но и во некоја поодмината фаза е и реализација на крупниот проект за изградба на автопатот од Скопје до Штип кој што Свети Николе ќе го донесе на само 39 километри до Скопје и на тој начин ќе овозможи многу побрзо и многу побезбедно патување но и Свети Николе ќе го направи многу посериозен потенцијален центар за економски развој. Дополнително во минатиот период се направија повеќе патишта сперма Ѓуришкиот манастир во должина од 13,5 километри, сообраќајно се поврза Свети Николе со Пробиштип кој што е од огромно значење за граѓаните кои гравитираат кон тој регион.
Димовски на крајот истакна дека планирана е комплетна реконструкција на регионалниот пат од Свети Николе за Куманово што на Свети Николе дополнително ќе му даде силна инфраструктурна поврзаност, односно Свети Николе ќе има три нови безбедни патишта, оној спрема Велес, оној спрема Скопје, и оној спрема Куманово, заклучи тој.-Еве сме на раскрсницата помеѓу неколку улици во Свети Николе каде во моментов се реализира проект за комплетна санација и обнова на асфалт во урба