Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски денес беше на терен во Македонска Каменица. Тој оствари средба со голем број на граѓани од овој град со кои разговараше за актуелната политичка состојба во државата и за очекувањата од претстојните избори.-Расположението е добро помеѓу граѓаните. Очигледно е дека Светската банка и магазинот Форбс се едни од најпознатите магазини удрија шамар на СДСМ за нивните тврдења за економската состојба во државава. Сега што следува е граѓаните на Република Македонија, македонскиот народ заедно со Турците, со Власите со Ромите со Србите, со Бошњаците со Албанците да им удри шамар за антинационалната и непатриотска политика која што ја води СДСМ. Тоа ќе се случи на 11 декември заради тоа што овој народ бара две работи, бара стабилност, и бара економски напредок. ВМРО ДПМНЕ е единствениот гарант за стабилноста и сигурноста и мирот во Република Македонија и ВМРО ДПМНЕ е единствениот гарант за економскиот развој во државата за привлекувањето на странски инвестиции, за рестартирање на старите индустриски објекти, за зголемување на бројот на вработени и за зголемување на животниот стандард во Република Македонија, истакна Димовски.
Тој вели дека е задоволен што Македонска Каменица, иако мала општина е еден од симболите на општини кои што добро функционираат, економски состојбата е драстично подобрена од она што беше пред повеќе години иако морам да потенцирам дека има што уште да се направи.
-Од друга страна Владата инвестира сериозни средства во источна Македонија во смисла на реконструкција на патниот правец од Исти Бања до Делчево што очекуваме до средината на следната година да биде реконструиран, но исто така инфраструктурно поврзувањето на целиот исток со главниот град на државата е во многу замашна фаза. Се гради автопатот од Скопје до Штип, се гради експресниот пат од Велес до Штип, многу набрзо ќе започне изградбата на експресниот пат од Штип кон Кочани и комплетното живеење во источниот дел на Република Македонија полека но сигурно за првпат после 20 години гледаме дека се менува. Граѓаните и на Македонска Каменица и на целиот исток бараат економски напредок на државата, бараат што е можно повеќе странски инвестиции какви што ги имаме во голем дел од Источна Македонија и бараат завршување на кризата, дополни Димовски.-Расположението е добро помеѓу граѓаните. Очигледно е дека Светската банка и магазинот Форбс се едни од најпознатите магазини удрија шамар на СДСМ