За актуелните политички теми, во емисијата круг на Радио Слободна Македонија зборуваше пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски.Димовски вели дека СДСМ и Спасовски се обидуваат да ја манипулираат јавноста дека МВР е таа која покренала истрага за фалсификуваните лични карти.
Фрапантно е што министерот за внатрешни работи минативе 10 дена повикуваше да не се брзало со истрагата.
-Прво оваа истрага ниту е започната, ниту е водена од МВР. Тезата која што Заев се обиде да ја продаде вчера на медиумите е лажна. Вели „Нема Оливер Спасовски сам да води истрага и да се уапси себе или да го упаси Заев“. Не е точно, Оливер Спасовски врска немал за оваа истрага. Оваа истрага е водена и е отворена од Јавното обвинителство, заклучува Димовски.
Димовски се осврна и на лажната политичката криза во Република Македонија. Политичката криза во Македонија, вели, не е политичка криза на институциите. Причината за политичката криза во Македонија е кризата во левицата и се додека таа криза во левицата постои, а постои подолго време,
-Ќе се одржат изборите, хипотетички, резултатите горе доле ги знае и секој граѓанин на Македонија. Нема да има големи промени во изборниот резултат. И ова раководство на СДСМ, со оваа структурана политичка мисла, мислите дека ќе се повлече и ќе ја преземе одговорноста и ќе дозволи на некои млади луѓе во СДСМ да понудат нов политички концепт? Ние имаме политичка криза во левицата која е во нок даун долги години, не знае како да ги верификуваа своите позиции, не знае како да ги пренесе пред јавноста, не знае како да ги направи партнери, не знае како да соработува со партнери. Плус огромна е разликата, а таквата позиција создава фрустрации и нервози, појаснува Димовски и така, додава дека така се радикализираат.
-Вчера го гледав пресот на Заев и некој новинар го прашува директно: Дали вие му дадовте материјали на Зекири? И тој вика истрагата ќе покаже. Значи не го прашуваат дали вие ст ему ги дале, и на такво прашање кога е лично се одговара со „Да“ или „Не“. Нема што истрагата да докаже кога вие знаете дали сте ги дале или не, вели Димовски.Димовски вели дека СДСМ и Спасовски се обидуваат да ја манипулираат јавноста дека МВР е таа која покренала истрага за фалсификуваните лични карти.