Димовски: Тоа што СДСМ го бара е да има можност за цензура и да има казнување на медиумите

Како апсолутна манипулација и лага која што доликува на СДСМ, ги оцени денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски обвинувањата од страна на СДСМ дека неговата партија ги кочи преговорите меѓу политичките партии за Избирачкиот список и медиумите.-Тоа е апсолутна манипулација и лага која што доликува на СДСМ од две причини, заради тоа што во врска со Избирачкиот список ние неколку пати кажавме дека што СДСМ ќе побара од ДИК во насока на прочистување на Избирачкиот список, ние ќе поддржиме, нормално тоа да е во рамки на Устав, закон и во согласност со другите две политички партии кои се вклучени во разговорите, рече Димовски.
Во врска со медиумите, рече координаторот на пратеничката група, секое законодавство кое што постои во која било држава од ЕУ е прифатливо.
– Тоа што СДСМ го бара е да има можност за цензура и да има казнување на медиумите за искажан став или направен прилог, или уреднички мислење или новинарско мислење. Ние на тоа нема да се согласиме и затоа велиме како најдобар начин да се излезе од оваа ситуација е да се најде едно од законодавствата од која било држава членка на ЕУ и тоа да се примени во Македонија, рече Димовски. Но, потенцира тој, се плашиме дека СДСМ таа тема ја користи како изговор, заради тоа што не сите граѓани во Македонија ја разбираат оваа тема со медиумите и со јавната сфера.
Според него, СДСМ бара брзи избори, но отвора стари теми за разговори.
За тоа дали оваа година е можно да има предвремени парламентарни избори, Димовски го повтори ставот дека овој Парламент треба што е можно побрзо да го заврши својот мандат.
– Да го вратиме суверенитетот на граѓаните и тие да одлучат за иднината. Не би калкулирал повеќе со датуми, со периоди и со можности затоа што очигледно сме влезени во туѓо сценарио околу состојбите во Парлментот, за жал, рече Димовски.
Прашан, дали ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи прекројување на изборните единици, Димовски рече дека тоа е предмет на разговор меѓу четирите политичките партии. – Тоа е добро така да биде. Има пракса Изборниот законик да се носи со консензус и мислиме дека и тоа е добро да се зачува како пракса, рече координаторот на пратеничката група.-Тоа е апсолутна манипулација и лага која што доликува на СДСМ од две причини, заради тоа што во врска со Избирачкиот список ние неколку пати

Пронајдете не на следниве мрежи: