Димовски: Владата на Заев има мал и слаб економски тим

ВМРО-ДПМНЕ ќе биде тука да контролира новата влада да не направи ниту една постапка што ќе биде штетна за државните и националните интереси на Република Македонија, изјави денеска пратеникот Илија Димовски по обраќањето на мандатарот Зоран Заев во Собранието на РМ.– Победник на овие избори беше ВМРО-ДПМНЕ, но еднаш во 1992 година имаше случај кога ВМРО-ДПМНЕ како победник на изборите не формираше влада во ова Собрание, ова е втор пат. Сакам да предупредам дека поради таа постапка во 1992 година во РМ беа повлечени многу штетни политики од економски, институционален и национален карактер. Се надевам дека политичките фактори СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците се свесни за овој факт и се спремни да ги преземат одговорностите коишто настанаа или ќе настанат поради одлуката победничката партија да биде отстранета од можноста да учествува во управување, раководење со РМ, рече Димовски.
Констатираше дека се нарушија многу пишани и непишани правила – Уставот најмалку во три члена, Деловникот за работа на Собранието најмалку во 27 члена при обидот за избор на нелегитимен претседател на Собранието.
– Се скрши Деловникот во членот 68 став 1 за денешната седница за избор на влада. Се појавија постизборни платформи коишто не беа предмет на оценка и проценка на граѓаните на изборите. Се наруши непишаниот принцип на коалиција помеѓу победник и победник, беа изманипулирани граѓаните, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.
Верува, како што кажа, дека мандатарот Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети, се свесни за сериозните чекори коишто ги преземаа досега и за одговорноста која што ја носат од сега понатаму.
– Затоа, со мене ја земав и гаранцијата која што Заев ја даде спрема претседателот Иванов, но ја имаме и тиранската платформа пред нас. Прашањето е, чиј потпис е потежок – дали на Заев пред Иванов, или на Али Ахмети заедно со потписите на колегите од другите партии на Албанците во РМ. Како ќе го веслате бродот низ овие два документа вие знаете, но ние сме тука да контролираме да не направите ниту една постапка која што ќе е штетна на државните и националните интереси на РМ, рече Димовски.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе доаѓаат на работа, ќе бидат активно вклучени и во работата на пленарните седници и во работата на комисиите, најави Димовски додавајќи дека тие нема да ја повторат грешката на СДСМ чии пратеници 15 месеци не доаѓаа на работа. На добрите предлози, рече, за разлика од СДСМ ќе одговорат со поддршка, на лошите со остра критика и спротивставување.
Осврнувајќи се на програмата на новата влада Димовски рече дека мандатарот иако најавувал одредени работи, не останал цврст во своите ветувања, како намалување на бројот на министрите во владата и нови луѓе, професионалци и познати и признати во својата област. Оцени дека со чест на исклучоци на неколку кандидати, за министри се поставени класични партиски кадри, а дел од нив имаат низа афери, пријави и скандали зад себе.
Поддршка искажа за кандидатот за министер за здравство Арбен Таравали, кој има кадровски потенцијал и како личност, според својата биографија, заслужува да биде дел од предлозите за министер. – Но, за жал, не го делиме впечатокот за целата влада, рече Димовски.
Оцени дека новата влада има исклучително мал и, со чест на исклучоци, слаб економски тим, а од друга страна, има огромен број кандидати министри без ресор, што според Димовски е голем пропуст.
Заев во експозето, посочи тој, не кажа ништо детално околу договорениот закон за употреба на јазиците за којшто претседателот на Собранието Џафери се повикал дека ќе го почека, но продолжил да го крши Деловникот.
– Покрај добрите намери за наше зачленување во ЕУ мандаторот не спомна ниту збор за тоа како тој и неговата влада планира да го реши проблемот којшто соседна Грција го има со нашето уставно име. Моја должност е да го потенцирам дека очекувано од мандатор е да се осврне на најсуштествениот и најголемиот проблем којшто и е наметнат на РМ, рече Димовски.
Првпат по десет години, според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, програмата предложена од мандатарот има јасни одредници за зголемување даноци, персоналниот данок и на данокот на имот, на основицата за придонеси односно на придонесите и на акцизите за возила. – Нема збор за ветување, за зголемување ензии, за зголемување на платата на полицијата, на вработените во јавниот сектор, а многу од ветувањата во програмата беа на СДСМ и на останатите партии ќе се остварат веднаш сега наеднаш го добија префиксот тоа ветување ќе се оствари до крајот на мандатот, истакна Димовски.
Дадовте, рече тој, многу ветувања пред граѓаните и не ја добивте нивната поддршка. – Формиравте мнозинство со избор на калкулација. Тоа нас ни дава обврска да бидеме дупло побудни како опозиција од она што нормално опозиција го има како задача, посочи Димовски.
Претседателот на Собранието Џафери даде еден час пауза по говорот на Димовски, и оцени дека му е драго што ВМРО-ДПМНЕ решиле да продолжат да учествуваат во работата на Парламентот.– Победник на овие избори беше ВМРО-ДПМНЕ, но еднаш во 1992 година имаше случај кога ВМРО-ДПМНЕ како победник на изборите не формираше влада

Пронајдете не на следниве мрежи: