Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ останаа на ставовите кои што ги кажаа во однос на барањата на Специјалното јавно обвинителство, а тоа е дека нема да прифати никакво разгледување на било какви барања на Специјалното јавно обвинителство од неколку причини, истакна денеска на прес конференција Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.Во продолжение следува интегрален текст од изјавата на Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија
Првата причина е дека не прифаќаме никакви нови договарања, предоговарања, проширување на опфат и рокови надвор од тоа што беше во рамките на процесот наречен Пржино. Тоа без согласност од ВМРО-ДПМНЕ не може да се случи, а од ВМРО-ДПМНЕ нема согласност за таква работа, поради тоа што се што беше поставено како приоритет и потреба од страна на сите субјекти вклучени во тие разговори, се беше овозможено.
Втора причина, би сакал да потсетам дека од страна на Специјалното јавно обвинителство ова Собрание беше наречено нелегитимно. Не знаеме по кој основ од ова Собрание се бара промена на закони ако е нелегитимно. Ако е нелегитимно нема право ниту да носи закони.
Понатаму, не беше доставен финансиски извештај што е прв пат во плуралната историја на Република Македонија, а може и предходно во предходните 50, 60 години во социјализмот. Не паметам, но веројатно е прв пат, воопшто одредена институција која што според законот одговара за својата работа пред Собранието да одбива да даде финансиски извештај за тоа како ги троши парите на граѓаните. Во овој конкретен случај станува збор за повеќе од 60 милиони денари за кои што Собранието беше одбиено да му биде доставен финансиски извештај.
Самото не доаѓање на седница на Комисијата за политички систем и грубо отфрлање на обврската да се брани извештај се исто така доволна причина за пратениците, ценејќи и почитувајќи го Собранието како највисок законодавен дом во Република Македонија, да гласаат спротивно на овие две барања.
Тоа што овие две барања доаѓаат од СДСМ, јасно говори дека практично СДСМ и СЈО се синоним. Тоа е исто и нема разлика помеѓу СДСМ и СЈО. Тоа што СЈО го работи е кампања на СДСМ и тоа што СДСМ го работи и помага на СЈО да ја тера кампањата на СДСМ во овој предизборен период. Затоа, со чиста совест, одговорно, спротивно на желбата да се продлабочува политичката криза во Република Македонија која што очигледно одредени партии ја имаат, гласавме против овие барања и ќе гласаме во иднина против вакви барања.Во продолжение следува интегрален текст од изјавата на Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Реп