Димовски: Во Кочани се отвораат фабрики само кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт

Loading...

Како и во цела источна Македонија, во Кочани, се гради, се создава и се отвораат фабрики само кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, истакна носителот на листата во ИЕ 3 Илија Димовски од Кочани.-Во Кочани се изградија многу суштински инфраструктурни проекти, тоа не се случуваше во време на СДСМ. Се изгради атмосферска канализациона мрежа, започна реализација на проектот за изградба на пречистителна станица и изградба на колекторски систем. Течат и активностите околу изградбата на браната Речани на Оризарска река, капитален проект важен за цел источен регион и има вредност од 27,3 милиони евра. Се рестартираше фабриката Руен, се отвори странска инвестиција Амфенол, како и странската инвестиција Антура и огромен број скоро 2.000 кочанчани за прв пат после долго време најдоа свое работно место во својот роден град.
Димовски најави дека во Кочани ќе продолжи да се гради и како приоритет ја издвои изградбата на експресниот пат Штип-Кочани.
-Во текот на вчерашниот ден беше склучен договор помеѓу Владата и изведувач за изградба на експресниот пат од Штип за Кочани, рече Димовски и додаде дека ќе се инвестира и во регионални патишта.
-Втор значаен приоритет за Кочани во следниот период ќе биде изградбата на националниот гасоводен систем. Многу години во минатото, се ветуваа гасоводи низ Република Македонија, но оваа Влада е прва која што конкретно го гради гасоводниот систем. Тој е донесен до Штип до Вршаково, а во последниот период во Источна Македонија ќе се гради гасоводен магистрален вод што ќе оди во правец Штип- Кочани, Кочани- Виница, Виница- Разловци,  Разловци два крака спрема Берово и спрема Делчево. Значи Кочани ќе биде еден од првите градови во Република Македонија, кој што ќе ја добие гасоводната магистрална линија во својата близина.
Димовски подвлече дека ќе се изврши и реконструкција, санација и внатрешно уредување на објектот на центарот за култура во Кочани.
-Со тоа на Кочани ќе му го вратиме културниот сјај кој што го имаше во минатото и беше запоставен во минатите години додека со Кочани и со Република Македонија владееја други партии. Исто така силно ќе продолжиме да ги спроведуваме сите активности за привлекување на дополнителни странски инвестиции, но и сите активности за поддршка на домашните компании преку разни проекти или за грантови или за кредитирање , во проектите за отворање на нови работни места со што трендот на преку 4 илјади нови работни места обезбедени во минатите години имаме намера да го продолжиме и во иднина.
Се на се, додаде, граѓаните на Кочани, имаат многу чиста ситуација за да ја донесат својата конечна одлука.
-Од една страна имаат отворање на нови фабрики, а од друга страна го имаат СДСМ кој што во Кочани единствено што работеше е затворање на фабриките. Од една страна има инвестиции во инфраструктурата, од друга страна иамвме град кој што беше запоставен и заборавен исто како цела источна Македонија во време на СДСМ.
-Во Кочани се изградија многу суштински инфраструктурни проекти, тоа не се случуваше во време на СДСМ. Се изгради атмосферска канализациона мрежа,

loading...