На овие избори не гласаме за партија, туку за унитарна независна Македонија, порача носителот на кандидатската листа од третата изборна единица од Колаицијата за подобра Македонија, Илија Димовски, синоќа од митингот во Пехчево.Тој потенцираше дека на овие избори има само една партија, а тоа е Република Македонија.
– Овие сценарија ги очекувавме од некој друг, а не од претседател на македонска партија. Овие сценарија значат комплтено дефинирање на суштината, идентитот и на карактеристиките на државата. Ова сценарио одговара на многу други надвор од Македонија. Тие други нашле човек Македонец да биде предводник, да ни нуди двојазичност, кантонизација по примерот на Швајцарија, концепт кој за жал треба да резултира покрај со губење на националниот супстрат, треба да резултира со бришење на се што е македонско. Одовде од Пехчево, треба да му се заблагодариме на Заев, бидејќи навреме ги кажа идеите и ние.
Потенцира дека како што доликува и одовде и од Источна Макеоднија и од цела Македонија, на овие избори нема да гласаме за партии, за премиер за програма, туку гласаме за Република Макеоднија.
Димовски додаде дека во програмата „Реално“ има многу проекти за Источна Македонија кои треба да ја исправат неправдата која беше нанесена на овој дел од Македонија, а овие проекти треба да донесат побрз економски развој.
Кандидатот за пратеник и актуелен премиер Емил Димитриев потенцираше дека гласањето в недела не е обично гласање туку референдумско.
– Бараме 63 пратеници, бидејќи пред нас се силни предизвици, мораме да ги надгласаме и да ги победиме. Собранието функционира врз прицип на математика. Еднаш, кога ќе се изгласа нема сила која може да ги промени. Јас ќе ве потестам на две работи кои не можеме да ги вратиме назад, а нанесоа огромна штета на државата. Не можеме да вратиме стотина илјади државјанства кои се доделија во 1994, тоа е наша реалност, не можеме да ги вратиме Струга и Кичево, главна цел беше да ја променат демогарфсаката структура. Ако не надгласаат на овие избори нема да можеме да ги коригираме, рече Димитриев.Тој потенцираше дека на овие избори има само една партија, а тоа е Република Македонија.
– Овие сценарија ги очекувавме од неко