На средбите со различни категории на граѓани кои што денес во Велес ги имаше носителот на Изборната единица 3 Илија Димовски, се говореше за спортот во Велес како да се подобрат досегашните резултати, но и за целокупната спортска инфраструктура која се планира во оваа изборна единица.Димовски кој во својот роден град се пофали со значителна поддршка кои што ја добиваат спортските клубови од срана на локалната самоуправа и најави продолжување со градба на нови игралишта, реконструкција на спортската сала Гемиџии како и голем број на проекти во Источна Македонија.
– На првата средба разговаравме за спортот. Во Велес во изминатиот период се направи многу околу спортска инфраструктура, се реконструираа објекти, се создаде услов за динамичен развој на спортот но уште побитно, се поддржа реобновување и финансирање на спортски клубови кои што се натпреваруваат во најврвните спортови што секако наидува на огромно задоволство на нашите сограѓани било тоа да е ракометот, одбојката, фудбалот, кошарката, малиот фудбал, рече Димовски.
На средбата се разговараше и за проектот од програмата на ВМРО-ДПМНЕ кои што ќе значи ослободување на фирмите на дел од данокот на добивка доколку се решат да финансираат некој спортски клуб. Овој проект долго време беше баран од страна на спортистите и спортските работници и сега на големо задоволство на сите ќе започне да се применува од јануари следната година.
– На огромно задоволство продискутиравме за концептот за финансирање на спортските клубови преку ослободување на компаниите на дел од оној данок на добивка кои што го плаќаат спрема државата во зависност од тоа во која категорија се натпреваруваат и во зависност од тоа кој спорт е. Ослободувањата на фирмите кои ќе ги помагаат фудбалските, ракометните, одбојкарските, кошаркарските спортови, но и на сите индивидуални спортови ќе се движат и во рамки од 40, 50% од данокот кои што треба да го платат и тоа секако наиде на огромен прием кај спортистите во нашиот град бидејќи тоа е единствениот начин како да се достигнат врвни резултати. Исто така, зборувавме за плановите за идни инвестиции во спортската инфраструктура и во нашиот град и во целата изборна единица. Има огромен број на повеќенаменски игралишта кои што ќе се градат, спортски терени, реконструкција на фудбалски терени по пример на велешкиот ќе се извршат и во некои други градови како на пример во Штип и Берово. Ќе се гради затворен базен во Штип, ќе се градат спортски сали во помали општини од типот на Чашка и други помали општини каде што граѓаните сеуште немаат адекватни услови така да генерално сметаме дека задоволството за постигнатите резултати досега, но и она што е концепт за иднина е на високо ниво, додаде Димовски.Димовски кој во својот роден град се пофали со значителна поддршка кои што ја добиваат спортските клубови од срана на локалната самоуправа и