Слободни, фер и демократски избори може да има и ќе има. Граѓаните на Република Македонија го заслужуваат тоа и СДСМ не смее повеќе да бега од одговорноста.СДСМ мора максимално да придонесе за тоа. СДСМ ја има контролата и врз Министерството за внатрешни работи и доминантно врз Државната изборна комисија, двете најодговорни институции за спроведување на изборниот процес, вели Илија Димовски, член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Димовски
Не станува збор за никаква еднострана одлука за распуштање на Собранието бидејќи договорот од јуни и јули, на кој е потпишан лично Заев, предвидува избори на 24 април 2016 година. Дополнително, Собранието, со гласовите на сите партии, вклучително и на СДСМ, го донесе Изборниот закон, во кој е дефиниран изборниот датум токму за 24 април 2016 година.
Три од четирите големи партии се за избори на 24 април 2016 година, а всушност еднострана е само одлуката на СДСМ против овие избори, за кои претходно дадоа јасна согласност.
Да биде јасно за граѓаните, Државната изборна комисија веќе има утврдена методологија за прочистување на избирачкиот список. За таа методологија гласале сите членови на ДИК, вклучително и членовите кои во ДИК се избрани по предлог на СДСМ. Трите партии, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА веќе одамна ја прифатија оваа методологија. Ако СДСМ денес ја прифати методологијата ДИК ќе може уште веднаш да започне со прочистување на избирачкиот список. Секое одложување и пазарење е свесно правење на проблеми со цел политичката криза да се оддолжи и да ескалира. Тоа е стратегијата на СДСМ. Стратегија која е спротивна на интересите на граѓаните на Република Македонија.
Ние, од ВМРО-ДПМНЕ, веруваме во исправноста и точноста на избирачкиот список и сме сигурни дека не постојат никакви фантомски гласачи. Ако Заев мисли дека дека има фантомски гласачи, сега има контрола и над ДИК и над МВР па слободно нека истражува и нека прочистува. Ден поскоро. Нека ја прифати методологијата која ја изработи овој ДИК и нека започне прочистувањето уште денес.
Срамно е да условува и да се пазари со оваа методолигија, а кај него е можноста сам да провери и да прочисти.
Зоран Заев работи на понатамошна дестабилизација на државата. Сака да предизвика хаос. Сака оваа криза да трае во недоглед. Граѓаните на Македонија се против ваквата деструкција и јасно ќе му дадат до знаење на Заев дека се против тоа да живеат во нестабилна држава.
Го повикуваме Зоран Заев да престане да прави политички театар. Секој нов проблем што тој и неговите соработници ќе го создадат, ќе бидат строго казнети од граѓаните на оваа држава.СДСМ мора максимално да придонесе за тоа. СДСМ ја има контролата и врз Министерството за внатрешни работи и доминантно врз Државната изборна комиси