Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, од собраниската говорница кон колегите од СДСМ посочи дека владата која што сака Зоран Заев да ја состави уште пред да ја состави се соочува со најголемите антивладини протести кои се случиле во Македонија.Димовски додаде дека сето тоа се случува поради тоа што народот се чувствува измамен, односно темата која што СДСМ ја наметнаа заедно со албанските партии или Тиранската платформа не е она за кое што македонските граѓани се изјаснувале на изборите.
Пратеникот апелираше до колегите дека наместо некакви Тирански платформи на граѓаните им се потребни економски и социјални платформи кои што ќе го подобрат нивниот живот.
-За три недели додека ние тука се расправаме за Тиранската платформа се најавија 3 нови странски инвестиции. Една во Скопје, втората во Струмица и третата во Желино каде што се мнозиство нашите сограѓани албанци. Тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ работи еднакво за сите граѓани во Република Македонија, рече Димовски.Димовски додаде дека сето тоа се случува поради тоа што народот се чувствува измамен, односно темата која што СДСМ ја наметнаа заедно со албанските