Динко Валев од Јамбол е Бугаринот, кон кого британскиот таблоид Дејли мејл пројави особен интерес. Тој се прослави откако објави видео на кое се гледа како лови илегални мигранти кои се обидувале да ја преминат бугарската граница.Потоа ИСИС најави награда за неговата глава. Во последните денови, Динко е во центарот на друг скандал. Тој побара сметка на македонскиот новинар Миленко Неделковски , кој сруши нелегално поставен бугарски споменик на врвот Кајмакчалан со чекан.
Откако Бугаринот повторно се обиде да однесе нова спомен плоча на врвот, беше запрен на границата. Активностите на Динко, кај македонските и бугарските власти резултираа со адекватни мерки против вандалскиот чин.
Тој даде интервју за „Бугарија Денес“.
– Што се случи на границата на Македонија и Бугарија?
– Отидов да ја ставам плочата, која сами ја изработивме со истиот текст, што го имаше на претходната плоча која Миленко ја уништи. Беше во багажникот на автомобилот, но кога ги покажав документите на граничарите, тие започнаа со претрес на автомобилот. Ме однесоа во една соба, каде ме држеа два часа без објаснување. Конечно ми доделија забрана за 24 часа да влегувам во земјата. Го пребаруваа мојот автомобил. Но, нема да им барам сметка, да се живи и здрави.
– Зошто се одлучивте да ја минете границата откај Македонија, под услов што до Кајмакчалан се влегува низ Грција?
– Решив да се прошетам (се смее). Не. Всушност знаев дека Миленко е на 50 километри од границата во некој хотел. Сакав да одам таму до неговата маса, да ја фрлам плочата пред него, да го плукнам и да го почекам да реагира.
– Ќе се вратиш ли сега од средбата со Миленко Неделковски?
– Ќе се видам со него и плочата ќе ја ставам. Имаме сметки за расчистување. Како што гледате, јас сам тргнав без стража. А тој најми стража. Јавно се плаши. Јас нема да го тепам. Иако ангажира стража од 300 луѓе – пак ќе го најдам! Тројца Миленковци ќе ги тркалам како буриња, мене не ми е страв. Тој ќе има санкции од мене. Но, на него треба да му е забрането да влегува во Бугарија. Од мене исто така има забрана.
– Кој ве поддржа во овие активности?
– Ме чекаа 300 луѓе по границата. Македонци, се на моја страна. А Миленко си зеде стража во својата земја. Тоа што ви зборува на вас?
– Од каде ги имате сите овие информации?
– Ми рекоа моите извори од МВР, од Министерството за надворешни работи. Се слушаме секој ден со нив, комуницираме.
– Како ве пречекаа во Јамбол по овие настани?
– Мојот телефон прегреа. Ме поддржуваат и ми велат браво. А јас не го правам за слава! Го правам тоа за Бугарија. Бидејќи сакам еден ден, кога децата ќе учат историја, да дознаат кој е Динко Валев. Јас ќе влезам во историјата на Бугарија, бидејќи ја сакам.
Извор: „Бугарија Денес“Потоа ИСИС најави награда за неговата глава. Во последните денови, Динко е во центарот на друг скандал. Тој побара сметка на македонскиот новинар М