DISCOVERY COMMUNICATIONS ГИ РАСПРЕДЕЛИ БИЗНИС ОПЕРАЦИИТЕ ЗА ЕМЕА И НАЗНАЧИ НОВ ЛИДЕРСКИ ТИМ

Дискавери комуникејшнс ја трансформира својата структура на регионалните бизниси низ Европа, Средниот Исток и Африка (ЕМЕА), за да консолидира својата позиција како глобален лидер на забавната програма за сите видови екрани и услуги, и да креира средина која ќе го оптимизира бизнисот додека се насочува кон нови полиња на раст. Одлуката е веднаш ефективна и Кејша Кајли е именувана за претседател и управувачки директор за ЕМЕА регионот.Дискавери направи големи инвестиции во ЕМЕА регионот во последните години, од аквизицијата на Еуроспорт и добивање на ексклузивни права за пренос, вклучувајќи ги и Олимписките игри од 2018-2024, до директни дигитални производи како Dplay, кој има попиуларни забавни и спортски содржини за Италија, Норвешка, Шведка и Данска, преку партенрството со ProSiebenSat1 во Германија за стриминг сервисот кој ги нуди најдобрите содржини од двете компании. Дискавери исто направи прогрес во растот на сопствениот спортски стриминг сервис низ Европа со EurosportPlayer.
КЕЈША КАЈЛИ Е УНАПРЕДЕНА ДА ЈА ВОДИ ЕВРОПА, СРЕДНИОТ ИСТОК И АФРИКА
На новата позиција Кајли ќе го забрза консумерскиот и производно-насочен оперативен модел низ регионот од кој има најголем приход. Со консолидирање на деловните единици кои претходно беа разделени на Велика Британија, Јужна Европа и CEEMEA регионот, еден кохезивен лидерски тим ќе се насочи на оптимизирање на главниот бизнис додека галопира кон нови полиња за раст.
Кајли е 17-годишен ветеран во Дискавери, која претходно ги раководеше операциите на 112 пазари кои ги формираа активностите на CEEMEA регионот.. Таа успеа да ги трансформира активностите од основни операции за дистрибуција на основните канали, во просперитетна, локално релевантна организација, која денес нуди претплатнички ТВ канали кои слободно се емитуваат заедно со дигиталните продукти на два континента.
 
ЖАН-БРИАК ПЕРЕТ, УПРАВИТЕЛ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДИСКАВЕРИ МРЕЖАТА ИЗЈАВИ:
„Кајли демонстрираше голема визија и одлучност со неспоредливата експертиза во менаџерството на најверојатно најкомплексниот и најразновиден регион во светот. ЕМЕА го претставува нашиот најголем регион ако се земат в предвид приходите, значајните инвестиции во минатото и големите амбиции за иднината. Не се сомневам дека Кајли и нејзиното силно и ефективно водство , ќе видиме како нашиот комбинирана ЕМЕА организација продолжува да расте кон нови височини на незамислив начин.“
КЕЈША КАЈЛИ  ПРЕТСЕДАТЕЛ И УПРАВУВАЧКИ ДИРЕКТОР НА ДИСКАВЕРИ ЕМЕА ИЗЈАВИ:
„Се придружив на Дискавери во 2000 година бидејќи го сакав брендот, верував во неговите вредности и ги видов можностите кои ги создаваше. Сѐ уште ја делам истата возбуда со милионите гледачи кои ја гледаат нашата програма секој ден и сакаат да бидат забавувани, инспирирани и воодушевени. По 17 години, јас верувам дека Дискавери е посилен од било кога порано. Во овој возбудлив период ние на нашите фанови може да им понудиме толку многу начини да се поврзат со содржината што тие ја сакаат преку многубројните партнерства, платформи и уреди.“  
ГРАДЕЊЕ НА МЕДИУМСКА КОМПАНИЈА ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ СО ФОКУС КОН КОНСУМЕНТИТЕ
Како дел од новите операции, Кајли го најави новиот лидерски тим за Дискавери ЕМЕА вклучувајќи ги овде одговорностите за Маринела Солди и Џејмс Гибонс кои ќе и бидат подредени во новата структура.

Маринела Солди ќе ја преземе проширената улога како главен администратор за стратегии на ЕМЕА и управувачки директир за Јужна Европа. Солди ќе продолжи да ја води својата успешна работа за слободно емитување на претплатничките канали и дигиталните сервиси со локалните менаџерски тимови во Италија, Шпанија, Франција и Португалија. Дополнително, таа ќе ја креира и води новата корисничко однесување и развој на производ функција, како и организација на содржината за ЕМЕА и Дискавери Нетворкс Интернејшнал. Оваа проширена улога ќе му дозволи на нејзиниот иновативен дух, стратегиско размислување и креативното водство да продре подлабоко во организацијата.

Солди помогна Дискавери Италија да се трансформира од ексклузивно претплатничка телевизија во мулти платформнен медиа плеер. Дискавери има 7% учеството на ТВ пазарот во Италија правејќи го трет по големина  национален броадкастер и веќе гради важен потрошувачки стриминг сервис преку Dplay производот.

НОВ ЛИДЕР ЗА ОПЕРАЦИИТЕ НА ДИСКАВЕРИ И ВО БЕЛИКА БРИТИЈА/ИРСКА, АВСТРАЛИЈА И НОВ ЗЕЛАНД

Џејмс Гибонс е назначен за генерален менаџер за Велика Британија/Ирска, Австралија и Нов Зеланд и е главен за комерцијалниот развој на ЕМЕА. Во неговата нова улога, Гибонс ќе го менаџира пазарот во Велика Британија кој е од големо значење за Дискавери и содржи 14 бренда кој досегнуваат до 26 милиони луѓе секој месец. Тој ќе се потпре на успехот на постоечкиот тим во Велика Британија и ќе индентификува нови можности за раст на неговиот клучен пазар. Исто ги додава и Австралија и Нов Зеланд под негова одговорност. Сличната култура, демографијата, јазикот и програмската стратегија на овие три пазари ги придонесоа овие дополнителни измени. Гибонс исто станува осговорен и за развој на постоечките и нови комерцијални врски и бизнис можности за ЕМЕА.

Гибонс во Дискавери е повеќе од 18 години, работејќи на разни менаџмент позиции и територии низ планетата. До неодамна беше генерален менаџер за спојување бизниси и главен на производниот и бизнис развојот на СЕЕМЕА  регионот. Тој ги забрза транформативните партнерства на териториите како Турција, Африка, Средниот Исток и Германија, значајно зголемувајќи го присуството на Дискавери на овие територии. Тој го  водеше и растот  и консолидација на јапонскиот бизнис како претседате на Дискавери Јапонија.

Гибонс ја наследува Сузана Динејџ, која беше унапредена во новата позиција како глобален претседател за Анимал Планет претходно во ноември.

Дискавери направи големи инвестиции во ЕМЕА регионот во последните години, од аквизицијата на Еуроспорт и добивање на ексклузивни права з

Пронајдете не на следниве мрежи: