Компанијата Discovery Communications вчера во Барселона на Светскиот конгрес за мобилна телефонија (Mobile World Congress) го претстави уникатниот облик на соработка кој на мобилните оператори ќе им овозможи ексклузивна можност да станат „Службен мобилен носител на преносот“(Official Mobile Broadcaster) на Олимписките игри. Покренувањето на новата услуга на мобилните оператори, на своите корисници ќе овозможат пренос на секој момент од олимписките арени.Discovery Communications и Eurosport, како ексклузивни сопственици на телевизиските и мултимедијалните права на преносот на Олимписките игри од 2018 – 2024 за 50 европски земји користат free-to-air, pay-TV, дигитални и DTC услуги и ја прошируваат соработката со останатите големи дистрибутери ширум Европа, како Олимписките игри би можеле да ги следат што повеќе гледачи на повеќе екрани од било кога порано.
Мобилните оператори со статусот „Службен мобилен носител на преносот“ ќе добијат ексклузивна можност за ко-брендинг со Олимписките кругови, симболот на игрите, а на своите корисници ќе осигураат пристап до акцијата на локациите во било кое време. Услугата ќе поттикнува ангажирање на корисниците, а брендираниот канал на операторот 24 часа дневно ќе ги прикажува случувањата од Олимписките игри, вклучувајќи и избор за најдоброто од програмата, најновите вести, ексклузивна содржина на барање, како и можност таа содржина да ја искористат да поттикнат активација на социјалните мрежи. Услугата ќе биде достапна пред, во текот и по завршувањето на Олимписките игри.
Жан-Бриак Перет, претседател и извршен директор на Discovery Networks International изјави: „Discovery повеќе од 30 години соработува со своите партнери за да осигура врвна видео содржина за сите гледачи, на сите платформи. Спортот е исклучително популарен во мобилното окружување, што го потврдува и растот на Eurosport Player, нашата DTC стриминг спортска услуга. Се радуваме на новата соработка со мобилните оператори која на корисниците кои следат содржини преку мобилните уреди ќе им овозможи сеопфатно доживување на Олимписките игри.“
Eurosport Player во јануари досегна рекорден број претплатници и продолжува со голем раст. Тоа е резултат и на соработката со мобилните оператори (TDC во Данска, Telekom Романија и Telenor во Норвешка) која им овозможува на нивните корисници неограничен пристап до спортските содржини кои не смеат да се пропуштат, било кога и на било каков уред.
Discovery ги собира најдобрите светски експерти и вложува во развојот на платформата за гледачите да можат да уживаат во следењето на Eurosport и врвните доживувања на Олимписките игри. Компанијата неодамна го објави и партнерството со водечката светска стриминг платформа BAMTech. Ралф Ривиера се придружи на тимот како главен директор на Eurosport Digital, а Алекс Каплан како потпретседател директор за продажба на Eurosport Digital. Ривиера шест години беше на чело на дигиталниот оддел на BBC и ја водеше имплементацијата на BBC iPlayer за Олимписките игри во 2012, првите вистински дигитални Олимписки игри. Каплан претходно работел за NBA како постар потпретседател на глобалната медиумска дистрибуција.
„Eurosport Player се потпира на стратегијата на Eurosport кој на гледачите сака да и понуди врвен, по локално релевантна и ексклузивна спортска содржина, а им овозможува и неограничен пристап до таа содржина, на било кој екран. Од националните и интернационалните фудбалски лиги, Grand Slam тенис, најголемите велосипедски трки, сите важни случувања во зимските спортови до зимските Олимписки игри, корисниците можат сами да изберат што сакаат да гледаат и потполно да се соживеат со секој натпревар, секој меч, секоја трка, и баш со секој дел од акцијата“, изјави Pалф Ривиера.Discovery Communications и Eurosport, како ексклузивни сопственици на телевизиските и мултимедијалните права на преносот на Олимписките и