Discovery Communications и Eurosport одбележуваат година дена до почетокот на Зимските олимписки игри во Пјонгјанг и по тој повод ја најавуваат редакциската стратегија, која ќе ја водат до почетокот и за време на ЗОИ. Eurosport за своите гледачи ќе го овозможи најдоброто можно искуство за следење на Олимписките игри, во секој момент и од сите агли кои ќе ги поврзуваат сите учесници.Eurosport традиционално и професионално ги емитува олимписките спортови во текот на годината, а со Discovery олимписките игри ќе може да ги следат најголем број на гледачи досега, на повеќе екрани од било кога досега, на кабелските канали и дигиталните услуги Eurosport на 50 пазари.
Eurosport ќе емитува повеќе од 100 настани во живо и на барање на ЗОИ на било кој уред во секое време. Со тоа, игрите во Пјонгјанг ќе бидат досега најдобро дигитално покриени низ цела Европа. Гледачите ќе можат да го видат секој момент на акција во арената, а дополнително ќе се гради интеракција со нив и на дигиталните сајтови во сопственост на Discovery (вклучувајќи eurosport.com), како и на социјалните мрежи.
Претседателот и извршен директор на Discovery Networks International, изјави: “Одлуката да се редефинира доживувањето при гледање на Олимписките игри и да поттикнеме вклучување на луѓе низ цела Европа е храбар потег кој имаме намера да го оствариме. Discovery како компанија ги дели сите вредности промовирани од страна на Олимписките игри и ние сме среќни што можеме да ги споделиме приказните на човековата амбиција, жртва и успех.
“Одбројувањето на деновите до почетокот на ЗОИ во Пјонгјанг започна и ние забрзано се движиме во остварување на заедничката визија со нашите експерти и партнери во Европа.”
Питер Хатон, извршен директор на Eurosport додаде: “На гледачите ќе им понудиме нешто сосема различно, шанса да ги следат и гледаат нивните омилени спортисти, спортови и сите клучни моменти од игрите. Задоволни сме што можеме да ја презентираме уредничката стратегија, која сето тоа ќе го овозможи и која ќе ги направи Зимските олимписки игри во Пјонгјанг првата дигитална Олимпијада во Европа ”
Редакциски стратегија за сите екрани: Олимписки приказни низ цела година
Во одбројувањето до почетокот и за време на ЗОИ, Eurosport ќе прикажува кратки и долги инсерти поврзани со Олимписките игри, кои ќе се базираат на:
• Во живо: пренос на секој момент на Олимписките игри и на пренос на олимписките спортови во текот на годината
• Иновации: привлекување на помладата публика со користење на најсовремени технологии, како што е виртуелната реалност (VR)
• Луѓе: нов сеопфатен пристап кој вклучува познати личности и експерти кои на обожавателите ќе им ги приближат нивните спортски јунаци
• Атмосфера: Пјонгјанг веројатно за повеќето обожаватели е нова дестинација, па програмата сигурно ќе им ја долови богатата култура на Јужна Кореја.
Зимските олимписки игри во Пјонгјанг 2018 се првите олимписки игри што ќе ги пренесува Eurosport низ Европа. Discovery Communications има ексклузивни мултимедијални права за пренос на Олимписките игри 2018-2024 во 50 европски земји и територии, кои заедно со Меѓународниот олимписки комитет се објавени уште во јуни 2015 година.Eurosport традиционално и професионално ги емитува олимписките спортови во текот на годината, а со Discovery олимписките игри ќе може да ги следат