Вулканот Етна „дише“ на 3Д анимација. Компјутерскиот модел покажува како промените во магма-камерата на вулканот ја искривуваат почвата наоколу.Етна е активен вулкан на италијанскиот остров Сицилија. Последната негова ерупција била на 31 март 2016 година. За вулканската активност на Етна зборуваат ракописи со илјадагодишна старост. Грчкиот историчар Диодор Сицилијски пишувал за ерупциите на Етна во својата историска библиотека.
Иако голем дел од последните ерупции на Етна биле умерени, вулканот сериозно им се заканувал луѓето и нивните домови во минатото. Голема ерупција опустошила неколку населби во 1669 година.
Поради својата слава и близината до населени места, вулканот Етна се наоѓа под постојан надзор. Анимацијата на НАСА, првично е објавена во 2012 година, но станала популарна дури минатата недела, а се искористени податоци од сателитскиот мониторинг на вулканот.
За создавање на моделот, истражувачите прибегнале до радиолокациска интерферометрија која ги одразува промените во радио брановите, рефлектирачки од земјата.
На анимацијата, падините на Етна се зголемуваат и намалуваат, според тоа како магма-камерата се поместува и стеснува од 1992 до 2011 година. Камерата на вулканот е речиси 5 километри под морското ниво.
На видеото е прикажана и скала, која ги покажува силните ерупции со црвена боја, умерените – со жолта, и периодите на затишје – со бела боја. На неа се означени вулкански активности, почнувајќи од последната голема ерупција на Етна во 1992 година.Етна е активен вулкан на италијанскиот остров Сицилија. Последната негова ерупција била на 31 март 2016 година. За вулканската активност на Етна зб