Дискавери предупредува за ризикот од светска пандемија со глобална премиера на филмот Комарци

Дискавери ова лето ќе го искористи својот глобален досег за да ја насочи светското внимание на најсмртоносното битие во современата историја- комарецот. Документарниот филм „Комарци“(Mosquito), е дел од „Дискавери Импакт“ програмата и во центарот на вниманието ја става глобалната криза која ни се заканува од комарците. Премиерно филмот ќе се прикаже на 6 јули на Дискавери каналот и мрежата ширум светот.Светските медиуми пренесуваат вести од поединечни случаи од заразата со вирусот Зика, вирусот западен Нил, жолтата треска и Денга треската. Меѓутоа треба да раскажат многу поголема приказна, која е заедничка за сите овие болести и која открива како во суштина сите ги покренува иста сила: непрекинато и забрзано ширење на комарците низ цветот, поттикнато од фактори како меѓународниот транспорт на луѓе и стоки, како и глобалното затоплување кое на комарците посебно им одговара.
 
Документарниот филм „Комарци“ во вистинско време детално не запознава со овие мали, но многу опасни суштества и нивната неверојатна способност за прилагодување. Со нарацијата на Џереми Ренер (The Town, The Hurt Locker) филмот ја опишува глобалната закана која овие мали инсекти ја претставуваат и можноста од смртоносните последици доколку не се преземе меѓународна координирана акција. Филмот ни носи интервјуа со водечките експерти, од кои ги издвојуваме др. Томас Фрајден, поранешен директор на Американскиот центар за спречување болести, Бил Гејтс копретседател на фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, која истакнува како осигурувањето на ресурси е потребно да се спречи избивањето на заразата, кога ќе се споредат со нивото на смртност која би можела да произлезе од фатална пандемија, која е светски здравствен приоритет.
 
„Повеќе од 30 години, Дискавери со својата програма во 220 земји низ светот, ја буди љубопитноста и поттикнува дискусија за важните теми“, изјави Дејвид Заслав, претседател и извршен директор на Дискавери комуникејшнс. „Документарецот Комарци го предупредува светот за потребата од преземање големи чекори за решавање на оваа голема опасност. Дискавери е компанија насочена на цели и сме горди што можеме да ја искористиме неприкосновената сила на нашите телевизиски и дигитални услуги во сите краеви на светот и да ги повикаме граѓаните и светските лидери на акција“.
 
„Дискавери знае добро да препознае проблем и да го прикаже влијанието на луѓето и нивната локална заедница.“ , изјави Рич Рос, групен претседател за Дискавери, Анимал планет, Сајнс каналот и Велосити. „Ширењето на болестите кои ги пренесуваат комарците во подрачјата каде порано ги немаше, потенцијално може да го промени светот каков што го познаваме. Филмот Комарци предупредува за оваа растечка опасност и на гледачите им помага да разберат и се подготват за еден нов свет.“
Комарците годишно убиваат повеќе од 750.000 луѓе, воглавно деца. Забрзаните климатски промени и поедноставениот меѓународен транспорт на луѓе и стоки само ја зголемија опасноста од комарците, односно го забрзаа нивното ширење низ светот. Смртоносните комарци се сега во состојба да дојдат и да опстанат на места каде претходно тоа не беше возможно- вклучувајќи ја Флорида, Тексас како и северот на Вашингтон и Њујорк- тие ги пренесуваат болестите како Зика вирусот, Денга и жолтата треска до неочекувани делови низ светот во кои луѓето не се спремни за соочување со проблемот. Документарниот филм Комарци е снимен на 4 континенти и ги испреплетува размислувањата на експертите со интимни приказни кои живеат во страв дека следниот убод за нив би можел да биде смртоносен.
 
Првите забележани случаи на ширење на вирусот Зика од Африка во Малезија се случија во 1967 година. 40 години подоцна, Зика се појави и во Микронезија, па преку пацифичките острови се прошири до Бразил во 2014. Првиот пријавен случај на Зика во Порторико беше во декември во 2015. Година подоцна повеќе од 34 000 луѓе се заразија од вирусот, што светот го чини повеќе од 500 милијарди долари. Овие алармантни бројки предвидуваат што може да се случи ако светските здравствени лидери не се обединат и не почнат да дејствуваат. Одреден напредок е направен во борбата против овој вирус, а во исто време половина од светската популација останува во еднаков ризик од заболувањата како маларија и други смртоносни болести.
 
Документарниот филм „Комарци“ прикажува татко и син од едно изолирано село во Кенија. Таткото се прашува како и двајцата се заболеле од маларија, иако користеле мрежи за заштита, додека го носи својот син на грб во болница не обраќајќи внимание за сопственото здравје. Освен тоа, филмот ја претставува и Лесли Мајнерс, Мајка од Квинс (Њујорк), која се заразила со вирусот Западен Нил во нејзиното соседство. „Никогаш не претпоставував дека такво нешто може да ми се случи мене. Вирусот Западен Нил во современото општество“, изјави Мајнерс во филмот. „Тоа е како играње руски рулет. А јас во таа игра изгубив.“
 
Документарецот Комарци прикажува и пар од Мајами, Флорида која очекува бебе. Скот и Линдзи Фурман живеат во карантин во сопствената куќа во страв од Зика вирусот. „Лето е во Мајами, а ние сме затворени и живееме во страв“, објаснува Линдзи. Семејството е фрустрирано и е уверено дека политичарите на нивната земја ги изневериле. „Нашата влада не успеа“, објаснува Скот. „Мислеа дека е тоа фантазија. Сите видовме што се подготвува, а тие одбија да ни помогнат.“
 
Најпотресната е приказната за младата мајка од Бразил, Ен Жулиана Араухо, која се грижи за бебето родено со Зика, односно живее во страв дека болеста би можела да влијае и на нејзиното и на здравјето на другото неродено дете. Томас Фрајден во филмот изјавува: „Постојат многу болести кои комарците ги пренесуваат. Ќе мора да смислиме нови и бројни начини за да се заштитиме од комарците, за да се заштитиме не само од вирусот Зика…туку и од сѐ што може да дојде.“
 
Паралелно со прикажувањето на филмот, Дискавери и CARE2 покренуваат петиција која ги повикува граѓаните низ светот да ги поттикнат лидерите на акција пред да биде прекасно. Филмот ќе се прикаже во 220 земји во светот. Непосредно пред глобалната премиера на Дискавери, Комарци на 15 јуни премиерно ќе има светска премиера на престижниот AFI Docs Film Festival. Филмот премиерно ќе се прикаже во склоп на Дискавери Импакт серијата на документарни филмови кои се занимаваат со влијанието на човекот врз околината, и што поединци и заедници можат да направат за решавање на глобалните проблеми.
 
Филмот Комарци за Дискавери го продуцираше продуцентската куќа Yap Film Production, режисер е Су Рејнард, извршни продуценти се Елиот Хелперн и Елизабет Троијан, уредници Мишел Францис и Стив Веслак. Камера Марк Елам, сценарио Марк Монро, оригиналната музика од Том Трд и копродуцент е Алекс Ранкин. За Дискавери надзорен продуцент е Џон Бардин, а извршен Џон Хофман.Светските медиуми пренесуваат вести од поединечни случаи од заразата со вирусот Зика, вирусот западен Нил, жолтата треска и Денга треската. Меѓутоа

Пронајдете не на следниве мрежи: