Дискусија на ВМРО-ДПМНЕ: „Улогата на жената во општествениот и политичкиот живот”

– ВМРО-ДПМНЕ попладнево во Македонската опера и балет организираше панел-дискусија „Улогата на жената во општествениот и политичкиот живот”.Пред членките на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и во присуство на лидерот на партијата Никола Груевски, пратеничките Даниела Рангелова и Лилјана Кузмановска, директорката на Комисјата за односи на верските заедници Валентина Божиновска и градоначалничката на општина Градско Жанета Чаушевска, зборуваа за позитивните ефекти на политиката на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ врз унапредувањето на статусот на жената во Македонија.
Претседателката на Унијата Даниела Рангелова истакна дека таквата положба на оваа организација во партијата се должи на големата посветеноста на самите жени и на трудот кој што го вложуваат  за да можат да дадат поголем придонес  за состојбата на жената во целокупното општествено живеење.  Таа изрази голема благодарност до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за поддршката која ја добиваат жените бидејќи без таа поддршка жените не би ја имале таа  моќ да зборуваат во нивно име и да креираат политики во партијата.

-Сакам да порачам да си останеме сплотени такви какви што сме, да си ја сакаме државата и да ни е пример претседателот Никола Груевски кој што ги става најнапред интересите на државата, а после на партијата и сопствените интереси. Да не поткекнуваме на провокациите и да им порачаме на СДСМ дека воопшто не се плашиме знаете зошто? Затоа што ја имаме довербата на граѓаните и нас не ни треба ниту меѓународни организации, ниту специјални  јавни обвинителства ,ние на 11 декември ќе ја добиеме поддршката на граѓаните и тогаш ќе направиме и многу повеќе проекти за граѓаните на Република Македонија, изјави Рангелова.
Кузмановска посочи на измените на Законот за работни односи, мерките за родова рамноправност и други законски решенија кои го подобруваат статусот на жената, меѓу кои и Стратегијата за еднакви можности, новиот закон за превенција на семејно насилство, закони со кои жените економски зајакнуваат итн..
-Нашата влада има направено за жените и навистина се чувствува гордо кога можев да презентирам ова во Брисел и што се има направено владата за жените во нашата држава. Владата во изминатитот период поднесе многу законски решенија и се зголеми учевството на жената на над 40 отство се со цел жените да дојдат родово сензитивни. Со законот за економското јакнење на жената, таа може да биде самостојна,  да се грижи за семејството, мора да потенцирам дека секоја година се издвојуват  се повеќе пари од буџетот преку повеќе проекти во Македонија за вработување на жените.  Тука спаѓаат и владините проекти како Македонија вработува, проектите преку агенцијата за вработување се само едни од многуте проекти кои ја поддржуваат жената, рече Кузмановска.

Пратеничката Кузмановска потенцираше дека во Битола во 2011 година донеле и пилот закон за родов сензитивен буџет, во делот на социјалната сфера исто така се донело закон за родова еднаквост помеѓу мажот и жената и дека овој закон за еднаква родовост е прв од ваков тип донесен во регионот.
-Затоа во изминативе години не може ниту една невладина организација да ни најде замерка и да не критикува дека жените се родово дискриминирани во Македонија, истакна Кузмановска.
Индиректно на жената и се помага и преку законите што се однесуваат на семејството, децата, мерките во здравството и образованието. Рангелова, која е и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека се отворени 53 градинки, со што жените можат полесно да се одлучат да бидат вработени, и ја поздрави најавата за отворање нови 140.

Рече и дека на пазарот на трудот има повеќе жени со високо образование отколку мажи, а ги спомна и бенефициите за жените преку политиките во здравството, како набавените мамографи кои, рече, спасиле животи на многу жени, 4Д ЕХО апарати за бремените жени итн.
Учесничките на панелот ги охрабрија жените да се вклучат во политиката. Посочија дека за разлика од 1998 година кога имало пет пратенички во Парламентот, сега се 43, а со измените на Изборниот законик на кандидатските листи треба да бидат 40 проценти.
Валентина Божиновска очекува жените, кои ги нарече „стожер на моќ и знаење“, да бидат позастапени и на локално ниво. Според неа, успешноста на нивната работа во раководењето на државни институции се должи на довербата што во нив, ја има нивниот лидер Груевски.
-Лично сметам дека постојат два постулата во државата, два концепта, така било од 1991 година па наваму. Едниот концепт е нашиот ВМРО-вски, градителски, со реформи, со идеологија, со национален предзнак , со сакање на сопствениот јазик, со сакање на сопствените граници, со сакање на сопственото име, на својот грб и знаме и тука нема дилема и затоа во филозофијата таквите луѓе ги викаат иконофили, луѓе што сакаат да градат. Значи некои од нас тука може не си ги видел ни децата од тоа што работи. Претпоставувам извршната власт, министрите, пратениците, немаат време. За што тоа го прават? Се разбира за доброто на Македонија. И од 1990 година СДСМ како партија почнувајќи од Киро Глигоров, тоа се иконокласти, луѓе што се што едниве ќе направат , другите се ќе разрушат, рече Божиновска.

Божиновска рече дека од моментот кога почна таа нивната „Шарена Револуција“ ние можеме да направиме нов речник на симболи, како и на кој начин погрдно не нарекуваа, но едно е сигурно јасно дека и најобичниот човек кој ќе го видите на нива, дека тој е помудар од сите пратеници од СДСМ.
-Тој точно знае дека во времето на Киро Глигоров го даде името, во времето на Бранко и името и знамето и грбот, во времето Бучковски најголемиот и најтешкиот закон со територијалната организација и она што сега Заев го подготвува, тоа е двојазичноста и федерализација на државата. Е тоа е јазик на грешноста, тоа е јазик на омраза, не затоа што тие мислат дека лесно ќе победат, туку затоа што имаат една единствена причина. Ни за грам не си ја сакаат татковината. Никогаш на начин на кој ние си ја сакаме земјата. И затоа сме тука, да останеме на земјата, дека еден мора да ја брани татковината. Еден од нас да остане тој ќе биде одговорниот, кој на идни поколенија ќе кажува што е ВМРО-ДПМНЕ. И колку они говорат реторични против нас , толку сме ние посилни. Она што е значајно е дека како никогаш партијата не била цврста и силна, како никогаш не била обединета и затоа ние на 11 декември ќе ја прославуваме победата, говореше Претседателката на Комисијата за верски заедници Валентина, рече Божиновска.
Таа зборуваше и за жената низ призма на мајчинството и за мерките што во таа насока ги овозможила оваа Влада. Рече дека 16.645 жени ја користат бенефицијата од кампањата за трето дете, ги спомна и мерката за ин витро оплодување, како и законот за сурогат мајчинство кој, според неа, е малку промовиран во јавноста.

Градоначалничката на Градско Жанета Чаушевска истакна дека сите политики на Владата се рефлектираат и на локално ниво.
Како пример ја посочи изградената градинка која направила, како што рече, верижна рекција затоа што многу мајки решиле да се вработат во новоотворените фабрики во регионот,  се пријавиле за субвенциите за самовработување или како регистрирани земјоделци. Подобрените услови за живеење, рече таа, водат до останување на луѓето во малите општини и го спречуваат нивното иселување.Пред членките на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и во присуство на лидерот на партијата Никола Груевски, пратеничките Даниела Рангелова и Л

Пронајдете не на следниве мрежи: