Дива џамија во Белица можеше да се изгради, а легална црква во Октиси не може?

Во 2010 година се премолчи случајот со дивоизградената џамија за доброто на верниците и за да не се разгоруваат тензии, а сега се создава проблем за православна црква за која се издадени сите документи за градба.Случајот со изградбата на црквата во струшкото село Октиси е далеку од завршен, иако од последната средба меѓу владиката Тимотеј, муфтијата Садил Сулејмани и струшкиот градоначалник Зијадин Села произлегло дека Сулејмани треба да ги убеди муслиманите да прифатат да се изгради храмот. Но инцидентот, во кој стотина муслимански верници спречија да се осветат темелите на православниот храм во Октиси и повредија една жена, само се надоврзува на неколкуте случаи во последните три години што предизвикале меѓуверска тензија во Струшко.
Освен фамозната маска на Вевчанскиот карневал во 2012 година, која беше протолкувана како навредлива за муслиманите, па се организираа протести со две недели задоцнување, се памети и приказната со џамијата во Горна Белица од 2010 година. Иако беше изградена без соодветна документација и државата се подготвуваше да ја урне, тогашниот градоначалник Рамиз Мерко и муслиманите од Струшко успеаја да ја спасат. Веќе три години стои и никој не ја допрел. Но ако таа ситуација тогаш се премолчи за доброто на верниците и за да не се разгоруваат тензии, зошто е проблем да се изгради православна црква за која се издадени сите документи за градба?
– Логиката е таа, штом остана џамијата, не треба да се прави проблем ниту за црквата. Но во овој случај нема логика. Ја споменавме и џамијата во Горна Белица додека разговаравме. Ни одговорија само дека таму има муслимани и затоа ја изградиле – вели дебарско-кичевскиот митрополит Тимотеј.ИВЗ и општината Струга не беа достапни да одговорат на ова прашање.
ЖЕСТОКАТА ОДБРАНА НА ЏАМИЈАТА
Што се случуваше во Горна Белица пред три години? Тоа е раселено село на падините на Јабланица, на над 1.300 метри надморска висина. Историските податоци за него покажуваат дека настанало кон крајот на 19 век и дека таму живееле православни Македонци и Власи. Многумина од старите жители сѐ уште имаат викендички во Горна Белица и местото е мошне живо налето. Токму тие во 2010 година ги алармираа медиумите дека се гради џамија во нивната близина. Набргу се дозна дека за објектот не е издаден никаков градежен документ, згора на сѐ е направен на државно земјиште и затоа треба да се урне. Но тогашниот струшки градоначалник Рамиз Мерко одбиваше да го стори тоа, па подоцна Министерството за транспорт и врски му одзеде дел од ингеренциите во урбанизмот и џамијата беше во рацете на државните инспектори. Имаше решение да запрат градежните работи, кое не се почитуваше. Се чекаше судска одлука за уривање и тоа требаше да се случи во октомври или ноември таа година.
Повеќе на mkd-news.com
 Случајот со изградбата на црквата во струшкото село Октиси е далеку од завршен, иако од последната средба меѓу владика

Пронајдете не на следниве мрежи: